Колку жители ќе има Македонија до 2050 година?
Објавено во: Македонија 26 Јули, 2022 06:42
Населението во Македонија и на Балканот во иднина ќе се намалува. Македонија е 18. на листата од 20 држави, со најголем проектиран пад на населението во следните децении.
Земјава до 2050 година ќе загуби скоро 11 отсто од сегашниот број жители, доколку продолжи актуелниот тренд на намалување на населението, објави порталот Visual Capitalist, повикувајќи се на податоци од Обединетите нации и Светска банка. До 2050 година, населението во земјава, ќе се намали за дополнителни 10,9 отсто, односно во Македонија ќе живеат близу 200.000 луѓе помалку од денес. На врвот на оваа листа е Бугарија, чие население се очекува да се намали за 22,5 отсто во следните 28 години и да достигне 5,4 милиони луѓе (пад од 60 отсто од 9 милиони во 1987 година). Понатаму следат Литванија, Летонија, Украина и Србија. Статистичките податоци и досега покажуваа дека во земјава има низок наталитет, а населението старее. Иселувањето е фактор кој ја влошува демографската слика на Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




