Колку животи однесе коронавирусот досега во Македонија?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Август, 2020
554 луѓе во Македонија починаа од коронавирусот.
Ова се податоците кои ги објави Министерството за здравство.
За 24 часа во земјава имаме за нијанса повеќе оздравени од заболени.
Бројот на нови заразени е 118, а оздравеле 127 пациенти, најголем дел од Скопје.
Во последното деноноќие има три жртви, и станува збор за повозрасни граѓани.
Починати се тројца пациенти од Тетово (64г), Штип (82г) и Струга (74г), сите во болнички услови.
На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести присуствувала и проф. д-р. Александра Грозданова, претседател на Комитетот за имунизација, при што било разговарано за набавката на вакцините и за сезонски грип, како и за вакцината против Ковид-19, која се уште е во последните фази на тестирање.
Од Комисијата за заразни болести за Фактор потенцираат дека Македонија ќе ја набавува оксфордската вакцина, но уште ќе помине време додека да биде дистрибуирана во земјава.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.