Колку животи однесе коронавирусот во декември?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Јануари, 2021
Во декември 2020 година од коронавирусот починале 740 луѓе. Тоа е за неполни 4 отсто помалку од минатиот месец, кога беа регистрирани вкупно 769 смртни случаи од ковид-19. Бројките и во декември и во ноември се неколкукратно повисоки од оние во претходните месеци.
Институтот за јавно здравје вчера регистрира 741 оздравени пациенти. Најголем дел од нив се од Скопје-248. Понатаму следат Куманово-83, Дебар-7, Штип-28, Прилеп-50, Тетово-30, Струга-32, Велес-17, Битола-25, Охрид-30, Кавадарци-41, Гостивар-27, Гевгелија-12, Струмица-20, Радовиш-12, Крушево-1, Кочани-24, Пробиштип-1,Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Валандово-7, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-8, Кичево-17, Ресен-4 и Неготино-7.
Во текот на вчерашниот ден се регистрирани се 536 нови случаи на коронавирус во земјава.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.