20 Јануари, 2025
0.0842

Колку чини возачка во Белград, колку во Скопје?

Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

За кандидат во автошкола да ја помине комплетната обука и да излезе на полагање кое ќе му овозможи да добие возачка дозвола во Србија, потребно му е околу 700 евра. Повеќето автошколи во Србија до неодамна беа блокирани и не можеа да работат, според тврдењата на сопствениците немале можност навереме да се подготват, поради примената на новите правила за полагање. Сопствениците истакнуваат дека ново воведениот начин на полагање кој го наметна државата е поквалитетен и дава подобри резултатати. Овој систем со промената на стандардот, очекувано во земјата донесе и промена на цената која сега е голем трошок за полагачите, пишува Политика. За теоретската настава потребно е да се издвојат 12 илјади динари, додека за практична подготовка, часови за возење со инструктор, чинат 40 илјади динари. Овој “цех“ расте за по 100 евра за секое евентулано наредно полагање на испитот. Поради овие удари на буџетот, тврдат од автошколите се помал е бројот на кандидатите кои се одлучуваат вооопшто да почнат со обука. Сепак маките овде на завршуваат, бидејки некои од кандидатите кои ја промениле авто-школата се пожалиле дека во новите центри за полагање во Србија не ги признаваат веќе извозените часови или пак веќе положениот теоретски дел. Принудени се одново се да плаќаат, бидејки на многумина од нив центрите избегнуваат да им дадат потврда за поминат на одреден дел од обуката. “Ја продолжив обуката во нова автошкола, но не сакаа да ми ги земат во предвид часовите кои веќе ги имам поминато. Бараа да платам комплетна обука, иако во ноавата авто-школа се запишав после половина ислушани часови. Таа во која поминав дел од обуката е затворена, поради што не знам каде да барам потврда“. Според новиот закон за полагање за возачка дозвола во Србија стои дека кандидатите кои ја промениле автошколата не смеат да останат без потврда за земените часови во ценатарот за обука кој го напуштаат, дури и ако истиот е затворен. Овој документ мораат да го прифатат сите школи кои во моментот имаат лиценци, бидејки подотовките кои полагачот ги има завршено во претходен центар за обука, според актуелните прописи немаат временско ограничување. Доколку кај нас се одлучите да полагате за возачка дозвола тоа ќе ве чини близу 400 евра. Цената за часови по возење во автшколите е 12000 денари(200 евра). За лекарско уверение и прва помош потребно е да се плати 2000 денари, дополнително се плаќа и пријава во испитниот ценатар која чини 5500 денари . На денот на самото полагање за полигон се доплаќа 500 денари, а исто толку и за гратско возење. За преполагање на било кој дел од испитот се доплаќа по 1800 денари за секој. Сепак цената на полагањето не ја формираат т испитните центри туку истата е утврдена со правилник од Министерството за внатрешни работи и важи за сите испитни центри. K.K.    

Можеби ќе ве интересира

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије