19 Декември, 2025
0.0478

„КОМАНДАНТ БАРУТИ ОВА НЕ Е МЕЃУЕТНИЧКА БОРБА, ТУКУ БОРБА СО КРИМИНАЛЦИ“: Арсовска со нова објава 'ти си на страната на тие криминалци'

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2025 07:48

Добивај вести на Viber

Командант на ОВК со надимак „Барут” го пуштиле да се обидува да ме заплаши и гневот на Албанците да го насочи кон мене. Командант „Барути” да си знаеш, Албанците најмногу се загрозени од 150 небезбедни згради кои Висар и Ејуп ги дозволиле во Чаир. Јасно ли ти е дека врз чаирчани ќе паднат тие згради при природна непогода?

Ова го објави доцна синоќа градоначалничката на Град Скопје, Данела Аросовска. 
Таа потоа додаде дека „како ветеран на ОВК, малку е незгодно да се дружиш со ликови како Висар Вики Ганиу, што бегаат и се кријат место да се соочат (нели војници сте?), ама пак од вашите незаконски легализации се гледа зошто го правиш тоа“.

- Господине ЉАМАЛАРИ т.е БАРУТИ, твојот брат ни го познавам, ни некогаш работел во град Скопје за да биде од мене избркан од работа, ама пак затоа сите од вашата група се шампиони за лажење и фалсификати.

Второ и многу важно, во претпријатието каде работел брат ти, добил отказ БИДЕЈЌИ НЕ ОДЕЛ НА РАБОТА, а за тоа сакал да зима плата, НЕ ДЕКА НЕКОЈ ГО ЗАБОЛЕ ВО КОЈА ПАРТИЈА СТЕ.

Така чудно колку гласно ги браниш Висар и Изет, па утврдивме дека ти и твоите блиски сте поднеле 32 барања за легализации во Чаир, сте легализирале 15 објекти, а 17 бројчиња сте дале за други да легализираат со вашите барања.

Ти дечко со твоите пајташи треба затвор да лежите за 150 небезбедно изградени згради, а не ко комшика на чешма да се жалиш по портали!

Команданти Барути ова не е меѓуетничка борба, не се обидувај да предизвикаш повеќе напади и закани кон мене. Сите веќе знаат дека ова е борба со криминалци, а ти си на страната на тие криминалци! - напиша Арсовска на Фејсбук. 

Еве ја нејзината објава: 

Можеби ќе ве интересира

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти