Командат Нацист до Иванов - Ќе видиш колку ти е спремна АРМ
Објавено во: Македонија 11 Март, 2017
Командант Нацист со комунике до албанските медуми му испрати порака на „така наречениот“ претседател Иванов кој вчера изјави дека АРМ е спремна.
„АРМ наскоро ќе се соочи со нашите борци кои се добро подготвени. 80 борци се распоредени на Шара, и наскоро ќе ги ослободиме териториите на етничките Албанци за да ја прогласиме Република Илирида“, порачува командант Нацист од УЧК.
Љирим Јакупи предводеше криминално-терористичка група која во Бродец беше елиминирана од македонските специјалци, а тој ранет побегна на Косово. Командант Нацист е еден од најбараните терористи и има извршено напади во Косово, побегнато од затворот Дубрава, а побегнал и од Тетово во минатото.
Засега нема потврда дали лицето кое се претставува како командант Нацист навистина е Љирим Јакупи, но тврди дека се обраќа во име на УЧК група Тетово. Се чека и на реакција на македонските безбедносни служби за проценка дали оваа закана е реална, но досега веќе имало слични закани за кревање на Илирида или напади врз војската и полицијата од екстремни поранешни припадници на УЧК и АНА.
Извор: tetova1.mk