05 Декември, 2025
0.0262

КОМАРЦИТЕ ЈА ПОЧНАА ИНВАЗИЈАТА: Еве како да се спасите од нив!

Објавено во: Анализа 12 Мај, 2023 10:51

Добивај вести на Viber

Комарци веќе почнаа да се забележуваат во земјава.

Граѓаните велат дека се нападни,дека не се откажуваат и оти напаѓаат се додека не си ја остварат целта.

Научниците велат дека пред официјалниот старт на летото,треба да почнете да користите сапуни, масла и лосиони со мирис на кокос бидејќи мирисот ги одбива.

-Кога користиме сапуни со цветни и овошни мириси, ги привлекуваме комарците не само со природниот мирис на нашата кожа, туку истовремено го мирисаме и цветот. Тоа би било како да се разбудите од мирисот на кафе и мафини. Многу привлечно - објасни д-р Клеман Виноџ, кој го водеше истражувањето на Политехничкиот институт на Универзитетот во Вирџинија.

Истражувањата покажаа дека ефектите на сапунот варираат од личност до личност, веројатно поради интеракцијата помеѓу сапунот и уникатниот профил на мирис на секоја личност.

- Неверојатно е дека истиот тој што е исклучително привлечен за плакарите кога не се капе со сапун станува уште попривлечен ако користи еден вид сапун, а потоа станува одбивен ако се измие со друг вид - истакна Виноже.

Научниците заклучија дека изборот на сапун делумно може да објасни зошто некои луѓе се магнети за комарци, додека други поминуваат без ниту еден залак.

Комарците навистина „сакаат“ некои луѓе, а истражувачите од Американското здружение за контрола на овие инсекти тоа го објаснија научно.

-Нема сомнеж дека поединците им се попривлечни на комарците поради хемикалиите што ги лачат, како и поради нивната посебна флора на кожата – вели американскиот ентомолог Џозеф М Конлон за Тајм.

Со својот тим, тој идентификуваше четири групи на луѓе на кои комарците не можат да им одолеат - бремени жени, спортисти и оние кои вежбаат, луѓе кои сакаат да пијат една или две чаши и оние со нулта крвна група.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?