Почна жетвата на оризот во кочанско
Објавено во: Агробизнис
22 Септември, 2012 23:07
Добивај вести на Viber
Традиционално со срп и ожнејување на првиот клас ориз, почна жетвата на оризот во кочанскиот регион. Оваа година комбајните во кочанско треба да оженат околу 5.000 хектари со ориз. Производителите се задоволни од квалитетот на годинешната реколта, и очекуваат приносите да бидат околу 7 тони од хектар. Откупната цена на оризовата арпа е 20 денари за килограм.
Неодомна Владата донесе одлука за дополнителни субвенции за производителите на ориз. Така оние земјоделци кои имаат површина со ориз до 2,5 хектари за секој продаден килограм во откупен пункт ќе добијат дополнителни 3,5 денари, земјоделците со површини до пет хектари за предаден еден килограм арпа по ќе земат два денари, до 7,5 хектари за предаден еден килограм по 1,5 денар и оризопроизводителите со површини до 10 хектари за предаден еден килограм арпа ќе добијат по еден денар. Предвидено е по два денари субвенција за извезен еден килограм бел ориз да добијат и откупувачите.
Оваа година се очекува род од околу 16.000 тони бел ориз од кои 9.000 тони ќе бидат наменети за извоз, а 7.000 тони за домашниот пазар. Овие мерки на Владата ќе важат од први октомври кога официјално започнува и откупот на оризот од годинашнава реколт
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?