19 Декември, 2025
0.0387

КОМБИНАЦИЈА НА СИМПТОМИ – КОЈ Е ПРВИОТ И НАЈВПЕЧАТЛИВ ЗНАК ЗА КАРЦИНОМ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2023 11:02

Добивај вести на Viber

Карциномот на дебелото црево се смета за еден од најчестите облици на карцином во светот, а според проценките на Светската здравствена организација, годишно од него заболуваат околу два милиони луѓе, од кои половина умираат. Во 2022 година од карцином на дебело црево починаа и Пеле и Кристи Ели.

Недостатокот на симптоми во почетните стадиуми го отежнува дијагностицирањето, а за лекувањето e клучна раната дијагноза. За среќа, една комбинација на симптоми може да помогне да се алармира за состојбата.

Она што загрижува е што симптомите се јавуваат кога карциномот е во напредната фаза од болеста, а во раната фаза нема клинички знаци. Понекогаш може да се појават: изнемоштеност, губење на апетитот, губење на телесната тежина и замор, но овие симптоми не се специфични. Типични тегоби за карцином на дебелото црево се промените во ритамот на празнењето, запек и наизменично, пролив, болки во левата половина на стомакот и над срамната коска во форма на грчеви. Кај овие луѓе се јавува чувство на недоволна испразнетост, па имаат потреба од повторно празнење. Ако карциномот е локализиран во долните делови на дебелото црево, се појавува светлоцрвена крв во столицата, понекогаш и во поголемо количество. Карциномот на десниот дел на дебелото црево не дава болки, ниту го нарушува празнењето туку предизвикува анемија од типот на железен дефицит поради честото микрокрвавење.

Според лекарите, промената во навиката на празнење на цревата вклучува и: дијареја, запек, зачестено празнење, како и промена на конзистенцијата на столицата. Други симптоми за карцином на црева можат да бидат и: нелагодност во стомакот (грчеви и болка), чувство дека цревата не се целосно испразнети, слабост или умор и необјаснето губење тежина.

Дали пациентите ќе ги развијат овие или други симптоми, зависи од тоа каде се наоѓа карциномот, односно дали е на почетокот на дебелото црево, во ректумот или помеѓу. Треба да се напомене дека овие симптоми не секогаш значат карцином, но треба да служат како предупредување што сигнализира потреба за следна проценка.

Токму затоа докторите од Клиничка болница „Аџибадем Систина“ советуваат луѓето да прават редовна колоноскопија која е златен стандард за рана дијагноза на промени во дебелото црево. Постојат и т.н. скрининг програми за рано откривање на карциномот на дебелото црево. Кај лица без посебен ризик (општа популација над 50 години), овој скрининг се базира врз појава на скриено крвавење од дебелото црево преку столицата, поради микрокрвавењата од полипите и карциномот на дебелото црево. Овој тест, познат како хемокулт 2 тест, се изведува со нанесување мало количество измет на плочка со реагенс. Потребно е да се направат три теста, на три едноподруго празнења.Карциномот на дебелото црево најчесто се детектира лабораториски – слабокрвност со недостиг на железо и позитивни туморски маркери (СЕА и СА 19-9) кои не се од примарна дијагностичка важност, туку имаат валидна вредност кај оперираните болни и болните по хемотерапија.

ПР-објава

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата