19 Декември, 2025
0.0509

Комерцијална банка АД Скопје го комплетираше купувањето на Тирана банк

Објавено во: Финансии 05 Март, 2019 06:47

Добивај вести на Viber

Грчката "Пиреа банка" објави дека е комплетирана продажбата на 98,83% од акциите во нејзината албанска подружница, Тирана банка, на албанската инвестициона група "Балфин" и на Комерцијална банка АД Скопје.

Договорот ги доби потребните одобренија од надлежните регулаторни тела во Албанија, вклучувајќи ја и онаа од Централната банка на Албанија, како и од Грчкиот фонд за финансиска стабилност, се вели во соопштението.

Вкупната трансакција изнесува 57,3 милиони евра. Комерцијална банка, во берзанското соопштение во август објави дека Балфин ќе го поседува мнозинскиот удел во Тирана банка по купувањето. Тирана банка ќе продолжи да работи како посебен ентитет, додаде Комерцијална банка.

Основана во 1996 година, Тирана банка беше првата приватна банка која започна со работа во Албанија. Функционира со 39 филијали и 71 банкомати низ целата земја.

Инвестициското портфолио на Балфин изнесува 1,4 милијарди долари, со инвестиции во Албанија, Македонија, Косово, Босна, Црна Гора, Австрија и Обединетото Кралство. Комерцијална банка е најголем кредитор во Македонија, со средства поголеми од 1,7 милијарди евра.


Можеби ќе ве интересира

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани