26 Април, 2024
0.0283

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЈА ДОБИ И ЌЕ ЈА ПРОДАВА ЗГРАДАТА НА ПОРАНЕШНА ПОШТЕНСКА - тоа е за неплатен долг на „Гофи“ и нема врска со Еуростандард

Објавено во: Финансии 01 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Комерцијална банка минатата недела и официјално стана сопственик на зградата на поранешна Поштенска банка. Банката планира зградата веднаш да ја даде на продажба, штом за неа ќе добие чист имотен лист.

Оваа информација за Фактор ја потврдуваат и од Комерцијална банка.

Всушност, оваа зграда на Комерцијална банка и припадна како дел од обезбедување за кредити, во висина од 7,3 милиони евра, кои Комерцијална банка своевремено и ги дала на компанијата „Гофи“ на бизнисменот Трифун Костовски, во чија сопственост, пак, беше зградата на поранешна Поштенска банка. Овој долг компанијата „Гофи“ кон крајот на минатата година престанала да го измирува, по што се активирала хипотеката врз зградата.

Но, од Комерцијална банка за Фактор децидно нагласуваат дека тие немаат никаква врска, ниту, пак, интерес за зградата на Еуростандард банка во стечај, која исто така беше на бизнисменот Костовски, ниту, пак, имале било какви побарувања од стечајната маса на таа банка, така што и не би можеле да наплатат ништо од таа стечајна маса.

Токму зградата на Еуростандард банка, со која Комерцијална банка нема никаква врска, многумина по се изгледа дека ја мешаат со зградата на поранешната Поштенска банка, која сега и припадна на Комерцијална банка, па се создаваат неосновани шпекулации. Но, тие прашања за Фактор многу прецизно ги расчистуваат од Комерцијална банка.

„Комерцијална банка нема пријавено никакво побарување во стечајот на Еуростандард банка, па според тоа Комерцијална ниту наплатила, ниту можела да наплати нешто од стечајната маса на Еуростандард банка“, децидни се од најголемата и најмоќната банкарска институција во земјава.

Од Комерцијална банка уште еднаш во јавноста нагласуваат дека немаат апсолутно никаков интерес за зградата на Еуростандард банка во стечај, ниту за бизнисот што Еуростандард го имала со Македонска пошта. Затоа не ни учествувале на тендерот кој го распиша Поштата и за избор на банка за платниот промет, а и сега за поставување на пос терминали во филијалите на Македонска пошта.

„Повторуваме дека Комерцијална банка нема никаков интерес за зградата на Еуростандард банка во стечај, ниту пак за бизнисот што Еуростандард банка го имаше со Македонска пошта, па затоа Комерцијална на учествуваше на тендерот кој го распиша Македонска пошта за избор на банка преку која ќе го врши платниот промет (на кој е избрана друга банка), како ни за поставување ПОС терминали во објектите на Македонска пошта“, децидни се за Фактор од Комерцијална банка.

Но, од банката објаснуваат и една друга работа, која веројатно за малкумина била позната, а таа е дека Комерцијална банка од поодамна имала свое побарување од фирмата „Гофи“, која е всушност на бизнисменот Костовски, и која е еден од акционерите на Еуростандард банка во стечај. Овие кредити Комерцијална банка на компанијата „Гофи“ и ги имала дадено во 2015, 2017 и 2018 година.

„Гофи“ кон крајот на 2020 година веќе не можела да ги враќа кредитите кои ги зела од Комерцијална, по што банката покренала постапка за извршување. Но, потоа од судот беше замрзнат имотот на бизнисменот Костовски, поради постапка која ја покрена Обвинителството за случајот со пропаднатата Еуростандард. Имотот им беше замрзнат и на уште тројца други луѓе од раководството на поранешната банка. А, за овие кредити „Гофи“ на Трифун Костовски, која е акционер во Еуростандард, дала како обезбедување, односно под хипотека два објекти, од кои едниот е зградата на поранешната Поштенска банка.

„Комерцијална банка имаше побарување од фирмата Гофи (која е еден од акционерите во поранешната Еуростандард банка) во износ од 7,3 милиони евра, за кредити обезбедени со хипотеки - недвижен имот, кои ѝ беа одобрени во 2015, 2017 и 2018 година, односно две до пет години пред да бидат поднесени кривичните пријави за предизвикување на стечајот на Еуростандард банка, и пред донесување на времената мерка од страна на Кривичниот суд, по барање на Јавното обвинителство, со која се забранува отуѓување и располагање со недвижности кои беа во сопственост на поранешни акционери на Еуростандард банка. Побарувањата на Комерцијална банка врз основа на кредитите дадени на Гофи беа обезбедени со два објекта - едниот е зградата на поранешна Поштенска банка (ул. Никола Кљусев бр.6), а вториот објект е т.н. „Палата Македонија“ на улица „Македонија“ во центарот на Скопје“, се вели во објаснувањето кое го добивме од Комерцијална банка.

Натаму, како што додаваат од банката со која раководи Хари Костов, со оглед на тоа што „Гофи“ од крајот на минатата година престанала да ги измирува обврските кон Комерцијална банка, а Банката трпела и други трошоци поради резервации на овие кредити, во април 2021 година Комерцијална банка покренала постапка за извршување пред надлежен извршител, со барање за продажба на недвижностите кои беа под хипотека во Банката.

Но, потоа беше замрзнат имотот на бизнисменот Трифун Костовски, поради постапка која ја покрена Обвинителството за случајот со пропаднатата Еуростандард банка. Тоа значи дека беше ставена и времена мерка со која се забрануваше и со располагање со зградата на поранешна Поштенска банка, со што била стопирана и постапката на извршување.

Но, во јули годинава Врховниот суд на земјава донел одлука начелно правно мислење според кое, кога има хипотека врз одреден објект кој потоа е замрзнат заради одредени криминални активности, таа хиппотека да има предимство при наплатата, какви што се всушност правилата секаде во светот. Тоа значи дека за извршителот веќе немало пречки да почне со продажба на објектите под хипотека. Затоа била закажана лицитација за здрадата на Поштенска, и тоа во петокот минатата недела, на која се јавила Комерцијалн банка.

„Извршителот ја започна постапката за извршување на објектите под хипотека во Комерцијална банка, откако беа создадени сите правни предуслови, а особено по донесување на начелното правно мислење од Врховниот суд на 09 јули 2021 година, според кое, ‘привремена мерка со која се забранува отуѓување и располагање со одредена недвижност или подвижна ствар не претставува пречка и не може да се смета дека надлежниот извршител постапувал незаконито при спроведување на извршувањето во постапката за реализација на договор за залог склучен пред донесените решенија за привремена мерка, кој договор има својство на извршна исправа’. На лицитацијата на 24 септември 2021 година, Комерцијална банка се стекна со сопственост врз зградата на поранешна Поштенска банка (а не на зградата на Еуростандард банка во стечај)“, објаснуваат за Фактор од Комерцијлна банка.

Оттаму додаваат дека Комерцијална банка ќе продолжи и со извршување на другата недвижност, „Палата Македонија“.

Сега Комерцијална банка чека да добие чист имотен лист за зградата на Поштенска, и, како што велат, веднаш ќе ја дадат на продажба, а за неа имало и заинтересирани купувачи.

„Со оглед на тоа дека овие објекти не ѝ се потребни на Комерцијална банка за извршување на сопствената дејност, по стекнување имотен лист на име на Комерцијална банка, Банката ќе продолжи со постапка за продажба на овие недвижности на други заинтересирани купувачи“, децидни се за Фактор од Комерцијална банка.

Инаку, според нашите информации, зградата на поранешна Поштенска банка, Комерцијална банка ја доби со дел од своето побарување на износ од 5,7 милиони евра, додека, пак, за зградата на „Палата Македонија“ се очекуваат 1,6 милиони евра, со што Комерцијална банка всушност само ќе го надемсти износот на кредитит кои своевремено и биле дадени на компанијата „Гофи“.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот