КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СО ПОМАЛИ ПРИХОДИ ОД ЛАНИ, НО СО БОМБАСТИЧНА ЗАРАБОТКА – еве како сработија до крајот на септември
Објавено во: Финансии 31 Октомври, 2025 07:40
Една од нашите најуспешни банки успеа да оствари добвка од скоро 70 милиони евра во првите девет месеци од годинава. Иако минатата година имале уште поголема заработка во истиот период, сепак, сумата која ја објавија како добивка за оваа година воопшто не е за потценување.
Комерцијална банка долги години важи за најуспешна банка во нашата земја, и согласно извештајот за работењето годинава објавен на Македонска берза во првите девет месеци оствари добивка пред оданочување од 69,1 милион евра. Во истиот период вкупните приходи од работењето на банката изнесуваат 104,9 милиони евра.
Како што е наведено во неревидираниот Биланс на успех и Биланс на состојба на Комерцијална банка, од 01.01. до 30.09.2025 година Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 4.250,1 милиони денари или околу 69,1 милион евра, наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 4.422,6 милиони денари или 71,9 милион евра, што претставува намалување за 3,9 отсто.
- Планираната бруто-добивка за трите квартали од годинава е остварена со 110 отсто. Позитивниот резултат од работењето е остварен во услови на нагласени ризици од надворешното окружување, особено зголемените геополитички тензии, осцилациите на светските пазари како резултат на неизвесноста од воведените тарифи од страна на САД, како и намалената економска активност на главните трговски партнери на државата– се нагласува во извештајот од Комерцијална банка.
Притоа појаснуваат дека остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 4,8 отсто пониска во однос на истиот период лани.
- Намалувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од намалените останати приходи од дејноста (пред сè помал износ на наплатени претходно отпишани побарувања и помал износ на евидентирана капитална добивка од продажба на преземен имот во однос на претходната година), a во помал обем и поради зголемените вкупни расходи од работењето кои не ги надминуваат планските проекции – се посочува во извештајот.
Вкупните приходи од работењето изнесуваат 6.453,7 милиони денари и бележат намалување од 2,6 отсто во однос на истиот период минатата година.
Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента вовкупните приходи од работењето и заклучно со септември бележат зголемување од 1,1 отсто во однос на истиот период минатата година. Планот е исполнет со 101,7 проценти. Приходите по основ на камата се зголемени за 1,7 отсто, при што најголем пораст бележат приходите од камата од домаќинствата и нефинансиските друштва како резултат на зголемените пласмани.
Нето-приходите од провизии и надоместоци на 30.09.2025 година изнесуваат 904,7 милиони денари и во однос на истиот период минатата година бележат зголемување од 3,3 отсто, во најголем обем како резултат на зголемен обем на работење со картички. Планот за анализираниот период е остварен со 102,7 прцоенти.
Нето-приходите од курсни разлики достигнале 323,9 милиони денари и бележат зголемување од 20,9 проценти во однос на истиот период минатата година, како резултат на одржување на отворената девизна позиција на оптимално ниво кое овозможуваше остварување задоволителни приходи во услови на непречено исполнување на вкупните капитални барања на Банката. Планот за анализираниот период е остварен со 136,7 отсто.
Останатите приходи од работењето на Банката на 30.09.2025 година изнесуваат 730,1 милиони денари и бележат намалување од 26,1 проценти во однос на истиот период минатата година, главно како резултат на помалиот износ на наплатени претходно отпишани побарувања и помалку остварени приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот. Планот е остварен со 77,2 проценти.
Оперативните расходи за периодот 01.01. - 30.09.2025 година изнесуваат 1.785,8 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се зголемени за 3,7 отсто, во најголем дел како резултат на зголемениот износ на плати и други трошоци за вработените, а во помал обем и поради зголемената амортизација. Планот е остварен со 84,6 отсто.
Нето исправката на вредност на финансиските средства заклучно со 30.09.2025 година изнесува 412,9 милиони денари и бележи намалување од 13,6 проценти во однос на истиот период минатата година кога изнесуваше 478,0 милиони денари. Намалувањето кај исправката на вредност на финансиските средства главно се должи на добрата финансиска дисциплина и редовното сервисирање на обврските по кредити од страна на клиентите.
Во периодот од 01.01. до 30.09.2025 година, Банката прокнижи загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето-основа во износ од 4,9 милиони денари, во согласност со регулативата од НБРСМ.П.О.
Можеби ќе ве интересира
Како Кина го турка доларот - глобалната улога на јуанот станува сè посилна
Балканците кои заминаа да работат во оваа земја се враќаат полни со пари: Поблиску е од Германија, а платите се многу повисоки
Кога километражата „зборува лага“: Илјадници Македонци купуваат автомобили со вратена километража
МАКЕДОНСКИТЕ СУДИИ РАБОТАТ НАЈМАЛКУ А ЗЕМААТ ПЛАТА КАКО ГЕРМАНСКИТЕ: Еве што велат споредбите со другите земји
МАПАС СО ПОГОЛЕМ БУЏЕТ СЛЕДНАТА ГОДИНА – растат трошоците за вработените, но и нивниот број
Царини и за пратки под 150 евра – еве од кога важи новата одлука
„Дадовме гас до максимум, предизвик ни е да се надминеме самите себеси“: Николовски за зголемената наплата на Царина и растот на приходите
Плата од 2.200 евра, обезбедено сместување и храна, можни и бонуси – но „сè уште нема соодветни кандидати“
(ВИДЕО) Светски синџир хотели прогласи банкрот и ги исфрли гостите на улица





