05 Декември, 2025
0.0374

Комерцијална банка со загуба од 6 милиони евра во првиот квартал од годинава!

Објавено во: Финансии 30 Април, 2013 08:16

Добивај вести на Viber

Комерцијална Банка за првиот квартал од годинава прикажа загуба од 6 милиони евра. Во најновиот неревидиран Биланс на Успех, банката ги прикажа резултатите за своето финансиско работење во првите три месеци од оваа економска година. Нето приходите од привизии растат, додека кај приходите од камати има благ пад.

Како прична за прикажаната загуба, од Комерцијална Банка ја посочуваат влошената кредитна изложеност.

“Остварената  загуба  на  крајот  на  месец  март  главно  е  резултат  на дополнително  издвоена  исправка  на  вредност  на  побарувања,  која  бележи  пораст  одоколу 15%  во  споредба  со  истиот  период  минатата  година.  Негативниот финансиски резултат  е  остварен  во  услови  на  сеуште  влошена  економска  состојба  во  земјата  и светот  што  имаше  одраз  на  натамошното  влошување  на  кредитното  портфолио “ – посочуваат од банката и обелоденуваат дека во првиот квартал загубите поради оштетување  на  средства  кај  дадени  кредити  и  вложувања  достигнале износ од 14,3 милиони евра што во однос на истиот период минатата  година  претставува  зголемување  од 15,1%.

Од Комерцијална Банка посочуваат дека ваквиот тренд е одраз на сеуште присутната криза во реалниот сектор.

“Оваа  состојба на работењето  кај  компаниите  главно  се должи на проблеми  со  кои  се соочуваат  на  странските,  но  и  на  домашните  пазари  како  последица  на  неповолниот економски  амбиент,  како  и  поради  дополнителни  исправки  за  одредени  клиенти согласно  препораки  од  НБРМ. “ – објаснуваат од банката.

Оправувањето на вкупниот економски амбиент, што ќе значи и закрепнување на фирмите ќе има удел врз подобрување и на резултатите на Комерцијална Банка, посочуваат од таму.

“Резервациите за нефункционалните кредити  не значат  дефинитивна  загуба  поради  оштетување  на  споменатите  пласмани,  при  што, доколку  се  подобрат  состојбите  со  клиентите  и  делумно,  или  целосно  се  наплатат побарувањата,  ќе  дојде  до  корекција,  односно  ослободување  на  исправката  на вредност. Ова би имало соодветен одраз и на финансискиот резултат на Банката. “ – објаснуваат од Комерцијална Банка.
Камати и провизии Иако  остварената  добивка  НА Комерцијална Банка пред  исправка  на  вредност,  која  претставува  показател  за  оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето,  бележи зголемување од 7,3% во однос на истиот период минатата година, таа не беше доволна во првиот квартал да ги покрие резревациите. Заклучно со март, Комерцијална Банка прикажа  остварување на нето  приходите  од  камата пониски за 0,4 отсто во споредба со истиот период лани. Како причина се посочуваат намалените  активни  и  пасивни  каматни стапки, тренд што почна од февруари годинава. Потфрлување има и кај проекциите за приходи од камати.

“Планираните нето приходи од камата заклучно со 31.03.2013 година се остварени со 85,9%“ – посочуваат од Комерцијална Банка.

Нето приходите од провизии и надоместоци заклучно со март  изнесуваат 3,5 милиони евра и во однос на состојбата од минатата година бележат зголемување за 4,9%, со што Планот за истиот период е реализиран со 90,4%.

Пораст има и кај нето  приходите  од  курсни  разлики и во однос истото тромесечје лани има пораст за повеќе од четири пати.

Билансот на Успех заклучно со март во оснос на истиот период од 2012 та година прикажува пад за 13 отсто на останатите приходи во работењето на банката.

Во исто време банката во првото тромесечје ги намалила административните трошоци и амортизацијата за 1,7 % во однос на истиот споредбен период од лани.

Анета Додевска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“