03 Јули, 2024
0.0260

„Комерцијална банка“ со рекордна загуба во првиот квартал!

Објавено во: Економија 01 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Од менаџментот смируваат дека загубата во значајна мера е резултат на резервирани срества само заради лошата кредитна кондиција на само еден голем клиент „Комерцијална банка“ првите три месеци годинава ги заврши со загуба од 526,8 милиони денари (8,55 милиони евра). Со овој финансиски резултат најголемата домашна деловна банка четврта година по ред книжи загуба во првиот квартал, покажуваат податоците од архивата на Македонската берза. Најлошиот финансиски резултат доаѓа истовремено со најдобриот резултат – рекордно висок нето приход од камати во износ од 722,8 милиони денари! „Комерцијална банка“ нема добивка во првиот квартал од 2011 година досега, а годинава периодот јануари – март бил најлош за банката заради тоа што загубата е најголема во споредба со сите други негативни резултати за првиот квартал од 2012, 2013 и 2014 година. Менаџментот на банката во Коментарот кон финансиските резултати, објавен на берзата, смирува дека негативниот финансиски резултат во значајна мерка се должи на резервациите кои банката морала да ги издвои заради влошената кредитна кондиција на еден голем клиенти, чиј назив не се открива. Од споредбата на податоците очигледно е дека резервациите во овој квартал изнесуваат 829,65 милиони денари (безмалку 13,5 милиони евра) и во споредба со првото тромесечје лани се поголеми за 494 милиони денари! Сепак ова не се изгубени средства заради тоа што доколку клиентот успее да се консолидира и да ги плаќа своите обврски во тој случај банката ќе може средствата кои сега се резервирани за обврски кои не се платени да ги ослободи и тоа во голема мерка поволно ќе влијае врз билансот на успех на најголемата банка во која доминантни сопственици се домашни акционери. komerc Најлошиот финансиски резултат на банката доаѓа во време кога значаен раст бележат нето приходите од камати како и нето приходите од надоместоци.  Нето приходот од камати за прв квартал е 722,8 милиони денари и е највисок во споредба со резултати за прв квартал од 2011 година досега. Солиден резултат банката има и во втората приходна ставка, а тоа се нето приходите од надоместоци. Тие за три месеци изнесуваат 219,9 милиони денари и во споредба со истиот период лани пораснале за речиси 5,5 милиони денари. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во Македонија

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во Македонија

„Ќе биде најлошото во историјата“: ја предвиде светската криза во 2008 година, сега најавува нова

„Ќе биде најлошото во историјата“: ја предвиде светската криза во 2008 година, сега најавува нова

Бислимовски: Повеќе од половина струја домаќинствата ја трошат додека е евтината тарифа

Бислимовски: Повеќе од половина струја домаќинствата ја трошат додека е евтината тарифа

ЕВН Хоме постави Македонец за директор и тоа „отпишаниот“ Митровски

ЕВН Хоме постави Македонец за директор и тоа „отпишаниот“ Митровски

НИКАКО ДА ЗАКРЕПНАТ ОД КОРОНАТА, ДОБРО Е ШТО УШТЕ ИМА „АЗНО“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ - еве што одлучи некогаш познатата скопска хотелиерска компанија

НИКАКО ДА ЗАКРЕПНАТ ОД КОРОНАТА, ДОБРО Е ШТО УШТЕ ИМА „АЗНО“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ - еве што одлучи некогаш познатата скопска хотелиерска компанија

Димитриеска Кочоска: Оделе во Брисел по 30 души, сега ќе одат по двајца

Димитриеска Кочоска: Оделе во Брисел по 30 души, сега ќе одат по двајца