КОМИСИЈА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ: Не е одобрено одржувањето на Галичка свадба, најголем проблем направија свадбите
Објавено во: Македонија 13 Јули, 2020 12:05
Годинава, наместо на големиот празник Петровден како што е
традицијата, Галичка свадба е одложена за 28 август, поради пандемијата на
Ковид 19. Документарниот материјал од Кинотека на Македонија е одлична можност
да се потсетиме на обичаите и богатата содржина што Галичката свадба ни ги нуди
како културно наследство, напиша претседтелот Стево Пендаровски на својот
профил на ФБ.
Но, од Комисијата за заразни болести, на прашање на Фактор дали навистина манифестацијата е одложена за наредниот месец одговорија дека тоа не е одобрено.
- За нас воопшто не е важно која дата е избрана за одржување на Галичка свадба. Ние ја следиме епидемиолошктата состојба, која не е поволна во моментов за такви манифестации. Најголемиот проблем го создадоа свадбите, заради масовните собирања имаме зголемување на бројот на заразени. Во светот сè е одложено, една Олимпијада која има традиција од 2000 години е одложена, така што не е трагедија ако Гличка свадба не се одржо оваа година, вели д-р. Сашо Стојанов директор на Центарот за јавно здравје и член на Комисијата за заразни болести.
Тој појаснува дека и самиот ден на изборите нема да биде ризик по здравјето на луѓето зошто сè ќе се одвива по протоколи.
- Ризикот некој да се зарази на денот на изборите е сосема ист како да сте влегле во некој од маркетите. Нема да има проблеми ако се почитуваат протоколите. Но, проблем може да биде ако некој вечерта одлучи да слави на плоштад. Значи, бројот на новозаразени се зголемува кога има масовни собири, потенцира д-р. Стојанов.
А.Б.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино





