19 Декември, 2025
0.0675

КОМИСИЈА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ: Не е одобрено одржувањето на Галичка свадба, најголем проблем направија свадбите

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2020 12:05

Добивај вести на Viber

Годинава, наместо на големиот празник Петровден како што е традицијата, Галичка свадба е одложена за 28 август, поради пандемијата на Ковид 19. Документарниот материјал од Кинотека на Македонија е одлична можност да се потсетиме на обичаите и богатата содржина што Галичката свадба ни ги нуди како културно наследство, напиша претседтелот Стево Пендаровски на својот профил на ФБ.

Но, од Комисијата за заразни болести, на прашање на Фактор дали навистина манифестацијата е одложена за наредниот месец одговорија дека тоа не е одобрено.

- За нас воопшто не е важно која дата е избрана за одржување на Галичка свадба. Ние ја следиме епидемиолошктата состојба, која не е поволна во моментов за такви манифестации. Најголемиот  проблем го создадоа свадбите, заради масовните собирања имаме зголемување на бројот на заразени. Во светот сè е одложено, една Олимпијада која има традиција од 2000 години е одложена, така што не е трагедија ако Гличка свадба не се одржо оваа година, вели д-р. Сашо Стојанов директор на Центарот за јавно здравје и член на Комисијата за заразни болести.

Тој појаснува дека и самиот ден на изборите нема да биде ризик по здравјето на луѓето зошто сè ќе се одвива по протоколи.

- Ризикот некој да се зарази на денот на изборите е сосема ист како да сте влегле во некој од маркетите. Нема да има проблеми ако се почитуваат протоколите. Но, проблем може да биде ако некој вечерта одлучи да слави на плоштад. Значи, бројот на новозаразени се зголемува кога има масовни собири, потенцира д-р. Стојанов.

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот