Комисијата за заразни болести чека податоци од МОН: Сè уште не препорачува целодневен престој во училиштата додека не добијат точна бројка
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2020 13:31
Сè уште не е
решено дали во основните училишта ќе профунционира целодневен престој за децата
кои физички ќе посетуваат настава. Комисијата за заразни болести на денешниот редовен состанок не препорача
целодневна настава додека не добие податоци од Министерството за обрзование за
тоа колкав е бројот на децата кои освен настава со физичко присуство,
родителите ќе ги пријават за целодневен престој.
-Ова прашање не е се уште решено. Како Комисија за заразни болести мора да имаме точен број на деца кои би го користече дневниот престпј по завршување на наставата. Тие податоци треба да ни ги обезбеди Минситерството за образование и наука, па дури потоа да донесеме одлука, односно да препорачаме, вели за Фактор, директорот на Центарот за јавно здравје на Скопје д-р. Александар Стојанов, кој истовремено е и член на Комисијата за заразни болести.
Што се однесува пак до градинките, според директорот на Здравствен дом Скопје, д-р. Виктор Исјановски, засега нема одлука за затворање, но доколку бројот на заразени нагло почне да се зголемува, не ја исклучуваат и таа можност. Инаку денеска има два нови случаи на заболени во градинките, едниот психолог во Кочани, а другата е негувателка во Куманово.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




