19 Декември, 2025
0.0518

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ДЕНЕСКА ПРЕД НАЈТЕШКА ОДЛУКА: Ќе даде ли зелено светло за отворање на училиштата

Објавено во: Македонија 10 Август, 2020 07:03

Добивај вести на Viber

На три недели пред старт на учебната година, членовите на комисијата за заразни болести денеска повторно ќе седнат на заедничка маса со претставници на Министерството за образование и наука за да ги усогласат деталите за тоа како ќе се довива образовниот процес во услови на епидемијата со корона вирусот. Протоколите и за основните и за средните училишта до Комисијата беа доставени уште во петокот, по што беше најавено дека тие во текот на викендот убаво ќе бидат разгледани, и за нив денеска ќе се дискутира многу подетално.

-Ова ќе ми биде најтешката одлука. Мојот став е јасен од почетокот, што се донесува до тоа дали децата да одат во училиште или не. Тие мора физички да присуствуваат во училиштата, но сепак, мора да кажам дека ова навистина ќе ми биде најтешката одлука. Претставниците од Министерството за образование и наука ги доставија протоколите и за основните и за средните училишта. Во петокот разменивме мислења за искуствата во Норвешка и во други земји каде училиштата функционираа и во време на епидемијата во нивните земји. Од друга страна гледаме дека дел од државите каде ги отворија вратите на образовните институции, повторно ги затвораат, како што е примерот со Израел, со САД и така натаму. Сметам дека епидемиолошката состојба во моментов не е најдобра, но не е и најлоша. Наједноставно објаснето е вака, ако 10 луѓе претходно можеа да заразат 12, сега 10 позитивни на Ковид-19 може да инфицираат 9, но се уште ги немаме оние посакувани бројки, на пример на 100.000 жители да има само 20 позитивни на вирусот. Сепак, сметам дека децата мора да одат во училиште, а според приложените протоколи, тоа ќе бидат одлично контролирани средини, вели епидемиологот Александар Стојанов, член на Комисијата за здравство и директор на ЦЈЗ.

Тој, истовремено потенцира дека ваквата состојба ќе потрае и прашува дали децата треба уште цела година да останат дома, или првото полугодие од учебната година да го поминат дома, нагласувајќи дека тоа навистина нема никаква смисла понатаму.

-Протоколите секогаш ќе се усогласуваат и ќе бидат применливи во дадена ситуација. Веруваме дека и повозрасните, но и помалите ученици ќе ги почитуваат мерките, па нема да имаме загрижувачка состојба во училиштата, вели д-р. Стојанов.

Во оваа насока, извесно е дека училиштата во земјава, каде бројот на деца е многу мал ќе имаат редовна настава со секојдневно одење во училиште, останува да се прецизира како ќе се одвива наставата во училиштата со голем број ученици, посебно во средните училишта и тоа пред се во Скопје. 

Инаку, едно од истражувањата што го направи МОН со Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ, покажува дека половина од 10 илјади анкетирани родители, директори и наставници, сакаат наставата да се одвива во училиштата, а министерот Арбер Адеми уште во петокот соопшти дека планот за почетокот на учебната година од септември ќе се знае во следните денови.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот