19 Декември, 2025
0.0392

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ЌЕ РАСПРАВА ВО ПЕТОК ИЛИ В ПОНЕДЕЛНИК: Од 1.јуни нови мерки, се поизвесно е дека ќе нема веќе маски на отворено

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2021 13:16

Добивај вести на Viber

На само два-три дена или најдоцна еден ден пред 1.јуни Комисијата за заразни болести ќе расправа за евентуално олабавување на анто-ковид мерките. Извори на Фактор од Комисијата посочуваат дека во периодот кој следи најверојатно ќе се препорачаат нови мерки, а дел од сегашните, кои се на сила до 1.јуни ќе престанат да важат.

-Актуелната епидемиолошка состојба е навистина поволна. На целата територија на државата имаме драстичен пад на новозаразените, многу исписи од ковид-центрите на пациентите кои болнички се лекувале поради компликации на корона вирусот, како и огромен број аплицирање на вакцините против Ковид-19. Ваквата ситуација укажува дека најверојатно од почетокот на јуни ќе препорачаме некои нови мерки, односно ќе разговараме за олабавување на постоечките. Можно е да препорачаме да се укине мерката носење маски на отворено, како и полицискиот час кој сега почнува од полноќ и трае до 4 часот изутрина. Доколку го укинеме полицискиот час можно е и работното време на угостителските локали да се врати по старо, односно до полноќ во деновите од понеделник до петок, и до 1 часот по полноќ за време на викендите. Но секако, тоа се однесува на работењето на локалите само на летните тераси, не во затворено, велат за Фактор извопри од Комисијата за заразни болести.

Она што е најважно, како што брифира нашиот извор, е просекот на новозаразени на неделно ниво да биде 23 на 100.000 жители, и во тој случај Македонија ќе биде тргната од листата на земји кои се уште се сметаат за критични.

-За жал, ние се уште сме на таа листа, но доколку епидемиолошката крива се уште оди во надолна линија ќе успееме брзо да дојдеме до тој посакуван просек од 23 новоинфицирани во текот на една недела на 100.000 жители. Ова е и очекувано, бидејќи сите претпоставки беа дека по третиот, најсилен бран на корона вирусот, епидемиолошката состојба целосно ќе се смири во текот на летните месеци. Сепак, мора да се нагласи дека и покрај тоа што до септември ќе имаме и огромен број вакцинирани, како и огромен број граѓани кои го прележаа вирусот, мора да останеме крајно внимателни за да не се случи нешто непредвидено. Во ниту еден момент не се размислува за укинување на максите во затворен простор, а и мерката одржување дистанца ќе остане на сила подолго време, вели нашиот соговорник.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот