05 Декември, 2025
0.0312

Комората испраќа јасни пораки

Објавено во: Економија, Колумни 05 Мај, 2025 12:54

Добивај вести на Viber

Комората во изминатиот период, исполнет со кризи, покажа дека е можно кризите да се претворат во шанса ако се има јасна цел, а таа е доброто на државата, и ги мотивираше своите членки за инвестирање и отворање нови работни места

Ако се вратиме 5 години назад, кога се соочивме со здравствената криза, можам слободно да кажам дека и покрај слабото или никакво дејствување на Светската здравствена организација што остави простор секој сам да дејствува и без нашето потребно искуство за пандемијата ние како Комора добро се справивме. 

Прво, одлично одреагиравме за отворањето на коридорите уште на самиот почеток на кризата за непречен проток на суровините до нашите капацитети и второ, многу добро го изменаџиравме првиот удар на кризата, која во тој момент најмногу се почувствува во дејностите врзани со движење - угостителството и туризмот и сообраќајот и транспортот. Освен здравствената, а потоа и економската, подоцна се јави  и енергетската криза. На компаниите, членки на Комората, им се откажуваа потпишаните договори за снабдување со електрична енергија и се јави енормен пораст на цените на суровините, а со тоа и на електричната енергија. Од искуствата научивме да предлагаме мерки за превенција на ситуацијата и затоа побаравме: прво, подигнување на домашното производство на електрична енергија и второ, одземање на лиценците на снабдувачите со електрична енергија од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

Комората денес, останувајќи на изворните принципи и вредности во своето работење, мора да повлече потези кои што ќе ја обезбедат нејзината иднина. Владата го направи тоа пред една година, со реорганизација на владиниот апарат воведувајќи нови министерства и спојувајќи некои од нив. Тоа е обврска и за нас да се прилагодиме како партнери за да можеме да ги оствариме зацртаните цели.

Изминативе месеци јавноста имаше можност да види со каков потенцијал на млади бизнис лидери располага Комората. На искуството стекнато во кризите, на долговечноста која е преку еден век, на кадарот кој што го создадовме, сега ќе придодадеме само три нови приоритети: образованието за потребите на бизнисот, извозот и регионалната соработка. Тоа ќе е фокусот на Комората во наредните 10 години, бидејќи тоа е интересот на фирмите во моментов.

Во исто време ќе продолжат активностите за поддршка на дигитализацијата, на циркуларната економија, за зелената енергија и вештините за зелена транзиција и вештачката интелигенција како составен дел на сите процеси.

П.С. Време е да ги обединиме нашите сили и да работиме заеднички, било како компании, универзитети, академска заедница, политички партии. Повеќе од тоа што го правиме денес. Затоа што очигледно е дека влегуваме во нова фаза во која ќе има големи гео-политички преструктуирања, а со тоа нема предвидливост.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети