КОМОРИТЕ НА ЗАЕДНИЧКА МАСА – ВО ИНТЕРЕС НА КОМПАНИИТЕ И ДРЖАВАТА
Објавено во: Мои пари 04 Декември, 2025 09:48
Денеска, 04.12.2025 година, заедничка средба ќе остварат претседателите на трите најголеми бизнис организации на државата: претседателот на СКСМ Азески, претседателот на ССКСМ Ѓорѓиевски и в.д. претседателот на СКСЗМ Алиу.
На средбата ќе се дискутира за постигнување заеднички консензус околу бизнисот, како претставник на приватниот сектор, и Владата како претставник на јавниот сектор и природен партнер на бизнисот. Со таквото заедничко дејствување се очекува да биде подобрена позицијата на бизнисот пред отварањето на крупните прашањаврзани за владеење на правото, пазарната ориентација, инфраструктурата, инвестициите и извозот, за што вчера, во името на целиот бизнис, зборуваше претседателот Азески на Македонско-српскиот форум.
Исто така претседателите на трите најзначајни бизнис-организации во државата,јавно ќе повикаат на единство на сите чинители на економските политики, да ја поддржат Владата во насока на отворање на нов инвестиционен циклус и затварање на отворените прашањакои го кочат бизнисот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





