27 Ноември, 2024
0.0269

Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка

Објавено во: Мои пари 20 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Вкупно 20 „зелени“ проекти на 17 компании во земјава се во фаза на реализација, со што компаниите ќе придонесат за модернизација на своите производни капацитети, превозни флоти и продажни локации. Почетокот и реализацијата на овие развојни проекти се должи на кредитната линија за поддршка на малите и средните претпријатија за инвестиции во  одржливи, зелени технологииобезбедена од ЕБОР преку Стопанска банка АД - Скопје.  

Минатата година, ЕБОР и Стопанска банка АД-Скопје потпишаа договор за воведување на оваа кредитна линија во висина од 4 милиони евра, која е дел од Програмата за одржливо рестартирање на мали и средни претпријатија (Sustainable Reboot SME Programme). Согласно критериумите, за реализација на проектите, клиентите на Банката користат грант-поддршка во вредност до 15 проценти од износот на кредитот, обезбедена од Луксембург, Норвешка, Ирска, Италија, Јапонија, Кореја, Шведска, Швајцарија, Кинески Тајпеј и Соединетите Американски Држави. Според намената, 50% од сите проекти се насочени кон искористување на сончевата енергија како извор на електрична енергија за потребите на компаниите. Оваа распределба одговара на актуелните трендови за создавање на одржлива иднина и намалени трошоци од работењето. Останатите проекти се фокусираат на подобра превозна флота и модернизација на производните и продажните погони на компаниите.

- Како Банка со најдолга традиција на пазарот, Стопанска банка АД – Скопје воедно e и системски значајна банка и еден од столбовите на економијата. Затоа, веруваме дека со вакви проекти отвораме нови хоризонти и ја продлабочуваме соработкатасо клиентитеи со заедницата. Им благодариме на ЕБОР и спонзорите на проектот и се надеваме на многу идни успешни соработки – велат од Стопанска банка.

Оттаму истакнуваат дека Стопанска банка продолжува на своите клиенти да им нуди финансиски анализи, совети и решенија во согласност со нивните потреби и можности за унапредување на финансиските резултати и остварувања. Истовремено, заедно со ЕБОР, Банката работи на унапредување на влијанието на бизнисите на клиентите врз животната околина, создавајќи придобивки за сите. 



* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Hisense 65U8NQ: Светлина која зрачи со квалитет

Hisense 65U8NQ: Светлина која зрачи со квалитет

Финале на EPICA за Just Add Coca - Cola и агенцијата Њу Момент

Финале на EPICA за Just Add Coca - Cola и агенцијата Њу Момент

„Фустани со џебови“ на Халкбанк избрана од AmCham за една од најдобрите општествено одговорни практики

„Фустани со џебови“ на Халкбанк избрана од AmCham за една од најдобрите општествено одговорни практики

„Замисли нов свет“, театарски проект инициран од Телеком во соработка со МНТ

„Замисли нов свет“, театарски проект инициран од Телеком во соработка со МНТ

Зима без настинка со Gorenje: Напиток кој секојдневно го зајакнува имунитетот

Зима без настинка со Gorenje: Напиток кој секојдневно го зајакнува имунитетот

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

"ЦРН ПЕТOК" шопинг треска – Како да профитирате од Амазон и eBay?

"ЦРН ПЕТOК" шопинг треска – Како да профитирате од Амазон и eBay?

Шанса за деца од ранливи категории да го откријат ракометот

Шанса за деца од ранливи категории да го откријат ракометот

Иднината на платежните решенија е веќе тука НЛБ Банка, прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк

Иднината на платежните решенија е веќе тука НЛБ Банка, прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк