06 Октомври, 2024
0.0256

Компанијата Брако ќе инвестира 4,2 милиони евра во нова опрема и хала

Објавено во: Економија 29 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Опрема и нова хала со вредност од 4,2 милиони евра, како и педесет нови вработувања е последната инвестиција во велешката компанија Брако. Инвестициската програма ќе биде реализирана во текот на следните девет месеци а со истата предвидено е да биде изградена хала од 5100 метри квадратни и набавка на соодветна опрема, модерни CNC машини, CNC ласери и останата најсовремена опрема од метало-преработувачката индустрија.

brako 2

„Ова несомнено е голем дел од нашата развојна програма со која што имаме за цел зголемување на асортиманот и портфолиото и со тоа проширување на пазарите за пласман на нашите производи. Наше цврсто убедување е дека со инвестирање и вложување во развојот на компанијата, треба да се оди во континуитет без оглед на социо-економските показатели. Минатата година започнавме со производство и извоз на првиот македонски камион што се покажа како многу успешен чекор и заврзано ги освојуваме странските пазари. Оваа инвестиција всушност е одговор на зголемените барања за нашата компанијата како и подобрување на организацијата и менаџментот на производството“, изјави Кочо Анѓушев, Претседател на Бордот на директори.

Со новата опрема која што значително го модернизира и унапредува досегашното производство,компанијата Брако се очекува да ја зацврсти својата позиција на пазарот и да одговори на производните стандарди на европските пазари.

brako 1

Како специјализирана компанија за производство на жичани и лимено-цевкасти производи, медицинските помагала и производи поврзани со телекомуникациската опрема,Брако дури 96% од целосното производство го извезуваи тоа во 19 држави. Брако во моментов има 450 вработени во Велес и 70 во Панчево, а за првите 9 месеци од оваа година има зголемен промет за 13% споредбено со минатата година со производство на 30.000 тони финални производи.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта