Компанијата КАМ - посветен партнер на македонската економија
Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2025 15:36
КАМ - македонскиот бр. 1 малопродажен синџир, продолжува да го поддржува развојот на македонската економија преку соработка со голем број домашни производители и пласман на нивните производи на домашниот пазар како и во регионот.
KAM соработува со повеќе од 160 домашни производители, а на македонскиот пазар во 2024 година пласирал домашни производи во вредност од над 113 милиони евра. Речиси 3 милиони евра е извозот што во 2024 година го реализирале македонските производители преку продажната мрежа на KAM на пазарите во Бугарија и Косово.
- Поддршката на домашното производство е клучен двигател на економскиот развој. Горди сме што соработуваме со голем број македонски производители, нудејќи им стабилен пласман и фер услови за раст. Оваа соработка не само што овозможува свежи и квалитетни производи на нашите рафтови, туку и директно придонесува за отворање на нови работни места и зајакнување на локалните економии низ целата држава. Како компанија, остануваме посветени на создавање вредност дома – за производителите, за потрошувачите и за заедницата во целина – велат од КАМ.
Исто така, според податоците од „Бизнис Мрежа“, компанијата и во 2024 година го задржува приматот на најголем работодавец помеѓу трговските синџири со повеќе од 1400 вработени и е прогласена за вработувач кој обезбедува највисока просечна плата помеѓу конкурентите во категоријата.
Во моментов, компанијата функционира со 85 маркети во Македонија и 26 маркети во Бугарија.
Во Македонија, КАМ минатата година остварил приход од над 298 милиони евра и профит од речиси 7 милиони евра. Вложувањето во модернизација на продажната мрежа и поддршката на локалната заедница се само дел од стратегијата на компанијата да остане сигурен и одговорен партнер на македонскиот пазар.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





