30 Март, 2025
0.1826

Компанијата Кожувчанка ја лансира првата Апликација - Потсетник за пиење вода, од Изворска!

Објавено во: Мои пари 26 Март, 2025 13:16

Добивај вести на Viber

Компанијата Кожувчанка повторно ја изненадува јавноста со иновација и новитет создавајќи ја првата апликација во Македонија која ве потсетува да се напиете вода и да останете хидрирани во текот на целиот ден!

“Ние како Компанија секогаш ги слушаме потребите на нашите потрошувачи и дејствуваме за подобрување на квалитетот на нивниот живот. Живееме во ова брзо време што ни носи многу грижи, настани и предизвици со кои сите ние се справуваме, па често ни се случува да заборавиме на себе и своите потреби. Затоа ја создадовме Изворска Апликацијата која ќе ве потсетува во текот на денот дека треба да бидете хидрирани! Таа е бесплатна за преземање, па ви посакуваме на сите - Со здравје користење.”- изјавија од Маркетинг секторот на Компанијата.

Како работи апликацијата?

Со користење на функцијата за скенирање на баркодот од Изворска етикетата, апликацијата точно ќе го препознае количеството вода што ја пиете, и ќе ви покаже колку литри уште треба да испиете за да ја достигнете дневната цел за хидратација.

А, ова се нејзините основни карактеристики:

Бесплатна и лесна за користење: Преземете ја апликацијата и започнете веднаш!

Персонализирана: Точно пресметува колку вода треба да пиете врз основа на вашите лични потреби.

Потсетник: Заборавивте да се напиете вода? Нема проблем - апликацијата ќе ви испрати потсетување.

Статистика: Следете го напредокот на вашата хидратација на дневно и месечно ниво.

Изворска Апликацијата е достапна за преземање бесплатно на платформите Google Play и App Store: app.izvorska.mk

Компанијата Кожувчанка и брендот Изворска продолжуваат да инвестираат во иновации кои го подобруваат здравјето и квалитетот на животот на своите потрошувачи, а оваа апликација е само еден пример за нивната посветеност.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Македонскиот пазар за тргување

Македонскиот пазар за тргување

ИНТЕРВЈУ ДАМЧЕВСКИ: Повеќе од банка - Сакаме претприемачи и бизниси кои растат со нас

ИНТЕРВЈУ ДАМЧЕВСКИ: Повеќе од банка - Сакаме претприемачи и бизниси кои растат со нас

УКИМ и универзитетските единици донираат 3.800.000 денари за настраданите граѓани во пожарот во Кочани

УКИМ и универзитетските единици донираат 3.800.000 денари за настраданите граѓани во пожарот во Кочани

АКЦИЈА ЗА МИЛИОН ДЕНАРИ НА „SPORT LIFE“

АКЦИЈА ЗА МИЛИОН ДЕНАРИ НА „SPORT LIFE“

Herbalife лансира нова печена протеинска ужина

Herbalife лансира нова печена протеинска ужина

Новата Samsung Galaxy A серија пристигнува во Северна Македонија

Новата Samsung Galaxy A серија пристигнува во Северна Македонија

A1 Business со нова атрактивна понуда

A1 Business со нова атрактивна понуда

Галерија МУЗА во Љубљана е новиот простор за уметничката колекција на НЛБ д.д, која вклучува и македонски автори

Галерија МУЗА во Љубљана е новиот простор за уметничката колекција на НЛБ д.д, која вклучува и македонски автори

55-ти годишен глобален бизнис форум на WTCA како стимул за раст на бизнисот во секторите на недвижности и туризам

55-ти годишен глобален бизнис форум на WTCA како стимул за раст на бизнисот во секторите на недвижности и туризам