Компанијата Натусана донираше во Дневниот центар за деца со аутизам
Објавено во: Мои пари 24 Декември, 2014 13:18
Со спроведување на кампањата, компанијата Натусана ја одбележа 10-годишнината откако постои на македонскиот пазар.
„Донацијата, не прави среќни и задоволни, затоа што кампањата „За хуманоста да стане навика“ успеа да ја подигне свеста на граѓаните за растечките потреби од дополнителни средства како на овој Центарот за деца со аутизам така и за останатите здравствени или социјално згрижувачки установи. Од другата страна, нашето сатисфакција е голема од причина што нема подобар начин да се прослави еден значаен јубилеј, отколку преку помагање на деца што навистина имаат потреба од грижа и внимание, деца кои се посебни и прекрасни во својот свет. Затоа им благодариме на граѓаните што ја поддржаа нашата иницијатива и помогнаа во нејзина успешна реализација“, изјави Александар Донев, генерален менаџер на Натусана.
Од дневниот центар велат дека донираната опрема и реквизити се од непроценливо значење за децата што го посетуваат центарот и нивните секојдневни предизвици во адаптацијата на нашето секојдневие.
„Потребите на дневниот центар се големи заради природата на нашата работа за која што мораме да нарачува специјални помагала од странство. Токму затоа, донираните реквизити во голем дел ќе ја олеснат и нашата работа, а пред сè ќе придонесат за подобра сензорната интеграција на нашите деца. Се надевам дека она што го започна Натусана ќе го следат и други компании, организации и граѓаните воопшто, затоа што децата со нарушен аутистичен спектар имаат посебна дарба да го доживеат светот, бараат поинакво внимание и пристап и наша задача е да им го овозможиме сето тоа“, вели Тања Мишовска Стојковска, Раководител на Одделение за лица со пречки во менталниот или телесниот развој при ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје.
Покрај донацијата во опремата, Натусана ги изненади децата од Дневниот центар и со посета од специјалниот гостин, Дедо Мраз кој што им подели новогодишни пакетчиња со името на секое од децата.
Кампањата се спроведуваше во период од 4 месеци. Покрај донирањето на фондот наменет за прослава на јубилејот, можеше да се донира и со купување на брендовите, Мултивитамол витамините и Лакалут детската линија за орална хигиена, од чија продажба компанијата издвои и процент.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




