Компанијата Зегин се стекна со уште едно признание за општествено одговорна компанија
Објавено во: Мои пари 29 Ноември, 2024 09:17
Во рамки на 24-тото генерално собрание на Американската комора кое се одржа изминатава недела, се доделија признанија за најдобрите практики на општествена одговорност (CSR) на компаниите-членки.
Kомпанијата Зегин го доби признанието за компанија со една од најдобрите општествено одговорнипрактики, преку проектот “Партнерство за донирање” кој е поддржан од УСАИД , а имплементиран од Американската стопанска комора.
Признанието се однесува на хуманитарната трка “Зегин Спектратон- трка на херои во сите бои” како дел од кампањата за подигнување на свесноста за лицата со аутизам која е во фокусот на Зегин за оваа година.

Преку хуманитарната трка, но и со дополнителна донација од Фондацијата Д-р Верица Механџиска беа собрани средства со кои започна реконструкцијата на првиот регионален социјален клуб за адолесценти со аутизам.
Со оваа кампања компанијата Зегин заедно со Фондацијата Д-р Верица Механџиска ја отвора шансата за подигнување на свеста, за едуцирање и за потсетување на општеството дека аутизмот не е ограничување, туку различен начин на постоење. Кампањата е упатување на повик за сочувство, за вклучување и за препознавање на сјајот во она што може да изгледа како хаос.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




