18 Јуни, 2024
0.1475

„Комшиски“ проблем со експлоатацијата на нафта во Јадранот

Објавено во: Балкан 03 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Словенија остро реагира на тендерот за истражување и експлоатација на нафта од дното на Јадранското Море што го објавија хрватските власти. Проблем се географските карти со кои се опишуваат локациите кои им се нудат на инвеститорите. Словенечкото Министерство за надворешни работи ја повикало на консултации хрватската амбасадорка во Љубљана за да и предочи дека документацијата која Хрватска ја навела во јавниот повик за барање нафта се однесува токму на подрачјето во северниот дел на Јадранското Море, кое е предмет на граничен спор меѓу двете соседни земји. Словенија потсетува дека членот 10 од арбитражната спогодба меѓу Загреб и Љубљана бара од двете страни да постапуваат „во добра вера“ и да се воздржуваат од постапки или изјави кои би можеле да ги заострат односите или да ја загрозат работата на арбитражниот суд кој решава за територијалниот спор. Официјална Љубљана бара од Хрватска од конкурсот веднаш да го повлече полето за доделување концесии СЈ-01, кое се однесува на подрачјето северно од 45 степени и 10 минути географска ширина, каде што се наоѓа словенечкото територијално море и епиконтинентален појас. Словенија наведува дека токму овој простор е предмет на арбитражниот спор и беше причина за Љубљана извесно време да го блокира пристапувањето на Хрватска во ЕУ. Во истовреме, Словенија бара од Хрватска на мапите за тендерот јасно да наведе дека ова подрачје е предмет на арбитражна постапка.  

Можеби ќе ве интересира

УСПЕХ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА: Табла која содржи македонски јазик ќе биде поставена во Тирана

УСПЕХ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА: Табла која содржи македонски јазик ќе биде поставена во Тирана

ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ ВО ПОДГОРИЦА: Mилојко Спајиќ доцнел четири минути поради што Румен Радев си замина

ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ ВО ПОДГОРИЦА: Mилојко Спајиќ доцнел четири минути поради што Румен Радев си замина

ИНФЛАЦИЈАТА ЈА ПОГОДИ И ЦРВКАТА: Масовно пораснаа цените, познати новите цени во Хрватска

ИНФЛАЦИЈАТА ЈА ПОГОДИ И ЦРВКАТА: Масовно пораснаа цените, познати новите цени во Хрватска

ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО СЕ, ИЛИ ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Се заканува опасност, полицијата трага по исчезнатите, внимавајте на топлото

ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО СЕ, ИЛИ ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Се заканува опасност, полицијата трага по исчезнатите, внимавајте на топлото

Шест Срби уапсени по англискиот напад: Нема приведени англиски навивачи

Шест Срби уапсени по англискиот напад: Нема приведени англиски навивачи

ЛЕТАА МАСИ, СТОЛОВИ, И ШИШИЊА, ПОЛИЦИЈАТА МОРАЛА ДА РЕАГИРА: Срби и Англичани се истепаа во Германија (ВИДЕО)

ЛЕТАА МАСИ, СТОЛОВИ, И ШИШИЊА, ПОЛИЦИЈАТА МОРАЛА ДА РЕАГИРА: Срби и Англичани се истепаа во Германија (ВИДЕО)

Откриен изгледот на хрватскиот мегапроект: Еве како би требало да изгледа легендарното летувалиште

Откриен изгледот на хрватскиот мегапроект: Еве како би требало да изгледа легендарното летувалиште

КАКО ПОЕВТИНО ЗА ГРЦИЈА ИЛИ ЦРНА ГОРА НА МОРЕ: Еве колку чини горивото на бензинските во регионот

КАКО ПОЕВТИНО ЗА ГРЦИЈА ИЛИ ЦРНА ГОРА НА МОРЕ: Еве колку чини горивото на бензинските во регионот

СТРАОТНА НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Четворица мртви при судир на автобус и автомобил (ВИДЕО)

СТРАОТНА НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Четворица мртви при судир на автобус и автомобил (ВИДЕО)