Кому Данела ќе пишува писма? Градот Скопје за поштенски услуги ќе потроши до 580.000 евра!
Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2024 08:07
Градот Скопје е рекордер по планирани, а веројатно и потрошени пари, за поштенски услуги во конкуренција на сите државни органи, јавни институции и единици на локалната самоуправа, покажуваат јавно достапните податоци. Според нив за минатата година и за годинава администрацијата под водство на градоначалничката Данела Арсовска за поштенски услуги издвоила над 1,1 милиони евра!
Градот Скопје ќе плати до 582.000 евра поштенски услуги за период од една година, покажуваат јавно достапните податоци на Бирото за јавни набавки каде е објавен тендерот. Овој тендер го добила државната Пошта која е единствената компанија што се јавила на тендерот на Град Скопје.
Споредбата на јавно достапни податоци покажува дека ова е најголем тендер за поштенски услуги според вредноста во конкуренција на сите државни институции. Слична сума Градот Скопје издвоил и на претходната набавка на услуги од државната Пошта. Договорот бил склучен во декември 2022 година, а неговата рамковна вредност била околу 570.000 евра.
Анализата на „Фактор“ покажува дека Градот Скопје и државното Јавно обивнителство се убедливо најголемите муштерии на државната Пошта. Со тоа што набавките на државното Јавно обвинителство се четири пати помали од тоа што го купува Градот Скопје од Пошта. Тоа го потврдува и листата достапна на следниот линк.
Интересно е тоа што за истата услуга претходната година Градот Скопје, кој е убедливо најголема единица на локална самоуправа во земјава, потрошил околу 570.000 евра. Сумата за новиот тендер покажува дека промени во количината на пратени и примени писма, пратки и пакети речиси и да нема. Односно и претходната набавка Градот Скопје ја реализирал со количества на писма, пакети и пратки кои се слични на тие што се барани во набавката со која градоначалничката Данела Арсовска и градската администрација и годинава ќе се „допишуваат“ со свои коминтенти.
Тендерската понуда на државната Пошта покажува дека пратките, писмата и пакетите се поделени во три категории и тоа е направено според масата (тежината) на пратките. Сите детали за тоа што ќе плати Градот Скопје на државната Пошта се на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/23eb4aa8-6f67-4211-8c50-88458a8050f3
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




