29 Септември, 2023
0.0273

Конечно добра вест! Македонија доби берза за струја

Објавено во: Економија 07 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

По десетина години перипетии Македонија конечно ќе доби берза на која ќе се продава и купува струја по јавни, транспарентни цени кои се формирани само и исклучиво од понудата и побарувачката за електрична енергија. Македонија добива организиран пазар за струја на кој берзата гарантира дека купувачот ја добива енергијата, а продавачот парите. Сложениот и високо-крипитиран алгоритам, по ЕУ стандарди, гарантира дека цената ќе биде фер резултат на сите понуди и сите налози за купување. Најважното е што веќе не ќе можат да се монополизираат ценовно-чувствителни информации, а на „некои кралеви“ во бизнисот со струја ќе им „паднат круните“. Конечно ќе заврши времето за „дилови во четири очи“ договорени „со црвени телефони“ и тие ќе останат недокажани митови. Берзата за струја треба да стане македонска реалност кон крајот на март вгодина

Државниот Оператор на пазар за електрична енергија МЕМО ќе формира берза за тргување со електрична енергија. На берзата струјата ќе се тргува по принципот ден однапред и конечно по една деценија Македонија ќе добие транспарентни и јавно објавени цени за купопродажба на струја за секој час во текот на едно деноноќие.

За да реализира оваа цел, која е дел од нашиот евро-интеграциски процес, МЕМО склучи договор со словенечката берза за струја БСП Јужен Пул (BSP South Pool) кој е поддржан од EPEX најголемата берза во Европската унија. Од словенечката берза МЕМО ќе добие сервиси: платформа (системско решение) за тргување со струја и платформа за порамнување финансиските трансакции меѓу продавачите и купувачите на електрична енергија или таканаречена платформа за клиринг.

Досега во Македонија пазарната цена на електричната енергија не беше јавна категорија. Цените на пазарот се утврдуваа со билатерални договори меѓу приватни снабдувачи и потрошувачи или на тендери за државни инстанци на кои понудувачите доставуваа понуди.

Берзата ќе овозможи транспарентна цена за мегаватчас електрична енергија за секој час во текот на едно деноноќие.

Другата квалитативна предност и супериорност на берзата пред другите форми на трговија со струја е таа што берзата (во нашиот случај државниот оператор на пазар МЕМО) гарантира дека купувачот ќе ја добие платената количина електрична енергија, а продавачот или производителот ќе ги добие парите за кои ја продал електричната енергија.

Овој договор за платформи за трговија и за клиринг вреди 1,5 милиони евра. МЕМО ќе плати на БСП од Љубљана за имплентација и оперативно функционирање на платформите за тргување со струја и за клиринг на трансакциите за купо-продажба на електрична енергија.

Веројатно дека членството на берзата ќе биде на доброволна основа за сите учесници на пазарот на електрична енергија кои исполнуваат услови да учествуваат и имаат депонирани средства.

Според објавената документација договорот е со времетрање најдолго до 4 години од потпишувањето, а фазата на имплементација е 9 месеци од денот кога е склучен договорот.

По фазата на имплементација ќе следи фаза на тестирање која во стручната јавност е позната како dry run или „работа на суво“. По успешното тестирање ќе следи оперативната фаза во која во реално време ќе се тргува со струја на македонската државна берза.

Договорот предвидува пазарот на почеток да функционира на национално ниво, а за подоцна е предвидено и поврзување со некоја од соседните берзи за електрична енергија (процес познат како market capling т.е. поврзување на берзите за електрична енергија).

Повеќе детали во договорот на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/893361d3-267d-4144-a511-4927d929a71a

Р.Ф.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Две балкански земји имаат највисока инфлација во ЕУ

Две балкански земји имаат највисока инфлација во ЕУ

Колкав процент од младите во ЕУ работат додека се школуваат?

Колкав процент од младите во ЕУ работат додека се школуваат?

Нова бугарска фирма ќе снабдува гас за ЕСМ

Нова бугарска фирма ќе снабдува гас за ЕСМ

ИМА ЛИ ДВОЈНИ АРШИНИ КАЈ АКТИВИСТИТЕ КОИ СЕ ПРОТИВ РУДНИКОТ „ИЛОВИЦА-ШТУКА“ - кои се всушност нивните мотиви?

ИМА ЛИ ДВОЈНИ АРШИНИ КАЈ АКТИВИСТИТЕ КОИ СЕ ПРОТИВ РУДНИКОТ „ИЛОВИЦА-ШТУКА“ - кои се всушност нивните мотиви?

Во Македонија отворена најголемата фотоцентрала на Балканот, сопственик е „АТС Гроуп“

Во Македонија отворена најголемата фотоцентрала на Балканот, сопственик е „АТС Гроуп“

Странци без лиценци ќе добијат право да приредуваат онлајн игри на среќа во Македонија

Странци без лиценци ќе добијат право да приредуваат онлајн игри на среќа во Македонија

КОЈ ДОЗВОЛИЛ МЛЕКО СО АФЛАТОКСИН ДА СЕ КОРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА - Трипуновски со шокантно тврдење

КОЈ ДОЗВОЛИЛ МЛЕКО СО АФЛАТОКСИН ДА СЕ КОРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА - Трипуновски со шокантно тврдење

ЈУБИЛЕЈ КОЈ ГОВОРИ ЗА УСПЕШНА ОДРЖЛИВОСТ - РАДЕ КОНЧАР СЕРВИС БЕЛЕЖИ 75 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

ЈУБИЛЕЈ КОЈ ГОВОРИ ЗА УСПЕШНА ОДРЖЛИВОСТ - РАДЕ КОНЧАР СЕРВИС БЕЛЕЖИ 75 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

МАЛИТЕ АКЦИОНЕРИ НЕ МУ ГИ ПРОДАДОА АКЦИИТЕ НА „ГОЛЕМИОТ“ - Селаудин Арифи останува газда на 74 отсто од „Жито Караорман“

МАЛИТЕ АКЦИОНЕРИ НЕ МУ ГИ ПРОДАДОА АКЦИИТЕ НА „ГОЛЕМИОТ“ - Селаудин Арифи останува газда на 74 отсто од „Жито Караорман“