22 Ноември, 2024
0.0330

Конечно, добри вести за тестирање од коронавирусот

Итното одобрување на новото и побрзо тестирање за коронавирус од Рош е позитивна вест, но потребни се повеќе алатки.

Објавено во: Мои пари, Корона Вирус 16 Март, 2020

Добивај вести на Viber

САД ги добија првите добри вести за тестирање од коронавирусот, после неколку седмици слушање за ништо друго освен за одложувања и опасно несоодветен капацитет.

Управата за храна и лекови објави итно одобрување на тестот од Рош Холдинг АГ што може да ги испита пациентите значително побрзо за разлика од веќе постоечките опции. Ова е добра вест за Рош – со ова одобрување порасна вредноста на акциите за околу 7%, за разлика од ниските бројки во текот на целата седмица - како и за одговорот на Америка за вирусот COVID-19. Откако овие тестови ќе бидат во тек, истите треба да започнат да им помагаат на Соединетите Американски држави за да се справат со опасното заостанување и да им дадат на повеќе луѓе информации, како и грижата што им е потребна.

За жал, неможноста на земјата да тестира доволно луѓе веќе со седмици, придонесе за појава на епидемија, која веројатно ќе се зголеми значително во наредниот период и нема да биде сопрена за скоро. Не ни требаат само повеќе лабораториски тестови; туку и други важни алатки што ги немаме сега - вклучително и т.н. серолошки тестови и дијагностицирање на лице место - би можеле да играат клучна улога во помагањето за подобро мерење на големината на појавата и контрола на ширењето на вирусот.

Серолошката дијагностика овозможува детално испитување на примероци од луѓе кои не се потврдени случаи на COVID-19. Ако луѓето биле изложени и развиле антитела против вирусот, со ваквите тестови ќе може да се известат официјалните лица од јавното здравство. Ова е неверојатно вредна информација во борбата против болест која е блага или асимптоматска кај многу луѓе. Во прилог на давање подобра претстава за тоа колку случаи ни недостасуваат и за вистинската стапка на смртност од COVID-19, исто така, може да идентификува области каде што се шири потивко и да помогне во обезбедување директен потребен одговор. Директорот на Центрите за контрола на болести Роберт Редфилд, неодамна изјави пред Конгресниот комитет дека неговата агенција има два теста од ваков вид во развој. Нивното брзо распоредување е особено клучно во САД, каде што едноставно не постојат сигурни информации за тоа до каде е оваа болест и колку луѓе ја имаат.

Друг важен чекор би вклучувал преместување на условите за тестирање надвор од лабораториите во ординациите на лекарите. Идеално, давателите на услуги треба да бидат во можност да нарачаат и да извршуваат тестови брзо и на лице место, како што и сега се прави за други вируси како што е грипот, наместо да ги испраќаат во прескапи лаборатории. Точен и брз тест од овој вид ќе значи дека помалку луѓе ќе останат во неизвесност за статусот на инфекцијата, значително ќе помага во изолацијата, набљудувањето и напорите за лекување. Луѓето би можеле да бидат дијагностицирани во многу поширок опсег, со што се намалува ризикот од натамошно ширење на вирусот и ќе се чуваат надвор од болниците, кои што за возврат на тоа ќе може да се посвети повеќе внимание на тешките случаи.

Пошироката палета на дијагностика ќе овозможи поголем и понасочен надзор и ќе ја намали потребата за забрани за патувања и другите мерки за ограничување, а штетни за економијата. Поддршката од Управата за храна и лекови треба да биде наменета за компании и лаборатории кои работат на вакви тестови за да ги одобрат и дистрибуираат брзо.

Заклучуваме дека ова се добри вести за Рош и борбата против вирусот, но ние сме се уште во раните фази на оваа појава. И ни треба повеќе моќ.

https://www.bloomberg.com/opinion/articles/2020-03-13/roche-coronavirus-testing-approval-should-be-just-start

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!

Азески во посета на металуршките компании во комплексот Железара

Азески во посета на металуршките компании во комплексот Железара

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

НАПРАВИ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР-ТРИБИНА ЗА ЕДУКАЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ

НАПРАВИ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР-ТРИБИНА ЗА ЕДУКАЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ