05 Декември, 2025
0.1051

Конфедерацијата на слободни синдикати бара да се донесе буџетот

Објавено во: Економија 21 Декември, 2012 11:35

Добивај вести на Viber

Конфедерацијата на слободни синдикати бара итно да се надминат сите недоразбирања во Собранието и навреме да се донесе буџетот за наредната година. Недонесувањето на буџетот, смета Синдикатот, би значело воведување на времено финансирање кое дополнително ќе ја отежни економијата и ќе доведе до ненавремена исплата на платите во образованието, здравството, полицијата, Армијата и судството. - Недонесувањето на буџетот значи дека нема да има и поврат на ДДВ со што фирмите би се соочиле со сериозен проблем на ликвидност и рентабилност. Тоа значи неможност за финансирање на тековните трошоци на фирмите, но и отпуштање на работници, истакна претседателката на КСС Мирјана Андреска на денешната прес-конференција. Според КСС, предложениот план за кратење на буџетот не е функционален особено во делот кој директно ги засегнува работниците бидејќи овие кратења би довеле до директни и индиректни последици кои би претставувале опасност за самите работници. За КСС не е прифатлив и предлогот на опозицијата за кратење во делот на капиталните инвестиции затоа што се работи за средства кои независно за кои проекти се предвидени треба да обезбедат егзистенција за повеќе илјади работници.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното