КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАСИТ 2.0 “RECODE REALITY” – РЕДЕФИНИРАЊЕ НА УЛОГАТА НА ИКТ ВО МАКЕДОНИЈА
Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2025 11:05
Повеќе од 300 гости од Македонија и регионот, како и говорници од врвот на ИКТ-индустријата во Европа, денеска во Скопје ги вкрстија нивните знаења и вештини на темите од модернизација на дигиталната инфраструктура и телекомуникациите, па сè до спектарот на реалните можности што ги отвора вештачката интелигенција.
Според претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, „во ИТ-индустријата, која брои скоро 3 илјади компании и околу 25.000 вработени, со просечна бруто-плата од речиси 150.000 денари, минатата година индустријата во Македонија има остварено приходи од над 1,65 милијарди евра, што ја потврдува нејзината зрелост, стабилност и капацитет за раст.“
Во воведниот дел на конференцијата говорник беше и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој ги најави реформите кои ги работи Владата, како и насоката за развој на дигитализацијата на Македонија, во која, според него, исклучително учество ќе има и приватниот ИКТ-сектор во земјава.
Темата на овогодинешната конференција RecodeReality има идеја и претставува повик да се реосмисли улогата на технологијата – не само како алатка, туку како двигател на промена, како сила што ја редефинира економијата, институциите, образованието и општеството.
На RecodeReality главни говорници денеска беа Пјетро Марини, директор за иновации на DeltatreInnovationHub, Магда Јиану од PaloAltoNetworks, како и Милош Ѓурковиќ, партнер во групацијата AmropSerbia.
За Комората на ИКТ-индустријата во Македонија, МАСИТ, целта за наредните три години е јасно одредена – остварување на конкретни резултати во дигитализацијата на земјата, подобрени регулативи и силни политики за поддршка на технолошкиот сектор, во партнерство со институциите на државата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





