Добивај вести на Viber
Завршната конференција од проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог во секторите трговија на мало, земјоделието и прехрамбената индустрија во Словенија, Македонија и Црна Гора“, на тема „Социјалниот дијалог и адаптација на промените”ќе се одржи денеска.
Конференцијата ја организира Организацијата на работодавачи на Македонија, а на неа ќе се дебатира за предизвикот за задржување на работните места и отворањето нови, во услови на недостиг од обртни средства во приватниот сектор и намалената кредитна активност што предизвикува опаѓање на инвестициите.
Социјалните партнери, репрезентативната Организација на работодавачи на Македонија и репрезентативните синдикати од ССМ, Агросиндикатот и Синдикатот за трговија, заедно со Владата преку Економско социјалниот совет институционално преку социјалниот дијалог во период на светската криза, предлагаат мерки за да ја подобрат бизнис климата.