Конгресменот Рохрабакер кој тврдеше дека Македонија треба да се подели меѓу соседите длабоко се извини
Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2017 10:01
Американскиот конгресмен, Дана Рохрабакер од републиканската партија неодамна во едно интервју за косовски медиум се изјасни за промена на границите на Балканот и поделбата на Република Македонија.
„Создавањето на македонска држава може да пропадне и во моментов постојат сите услови таа да биде поделена меѓу нејзините соседи, вклучувајќи го и Косово и Бугарија"- изјави тој во интервју за албанската телевизија „Визион плус“.Меѓутоа, Рохрабакер после бројни остри реакции од низа конгресмени и Стејт Департментот, длабоко се извини за неговите забелешки, кои како вели некои од тие искази погрешно ја пренесле неговата намера.
Конгресменот вели дека неговата позиција за Македонија е јасна, и дека сме легитимна земја со право на самоопределување и почитување на границите.
„Јас во никој случај не сакав да кажам дека некој друг, освен Македонците треба да го утврди суверенитетот или границите на Македонија. Ако моите зборови беа сфатени на друг начин, јас длабоко се извинувам“, потенцира Рохрабакер и тврди дека неговиот коментар алудирал погрешно, на неговата загриженост кон предизвиците во внатрешното владеење со кои Македонија се соочува во врска со етничките малцинства.
Тој дополнува за доброто пријателство на Македонија и САД како и за значајната поддршката што македонската армија ја дава во текот на изминатите 20 години на САД, на НАТО.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




