11 Декември, 2025
0.0368

Конкурсот за наградата „Оливера Николова“ ќе биде отворен до 11 јануари 2026

Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2025 13:55

Добивај вести на Viber

Вториот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади ќе трае до 11 јануари 2026 година. Победникот на наградата востановена од издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе биде соопштен на 11 март 2026, на денот на раѓањето на големата македонска писателка Оливера Николова.

Право на учество на конкурсот имаат сите полнолетни лица кои ќе пратат необјавен ракопис – роман за деца и млади, напишан на македонски јазик и со кирилско писмо. За наградата можат да конкурираат необјавени романи (ракописи) за деца и млади, во должина од 2 до 5 авторски табаци (од 32 до 80 страници), што ќе ги достават самите автори (со полно име и презиме) по електронска пошта на е-адресатаkonkurs@arslamina.com, како Word или PDF-документ со назнака: За конкурсот „Оливера Николова“.

Наградата е откупна и се состои од паричен износ од 60.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција на издавачката куќа „Арс Ламина“.
Наградата „Оливера Николова“ е востановена оваа година на 11 март, на првиот роденден без физичко присуство на Оливера Николова, која почина на 3 ноември 2024 г.
На првиот конкурс победи ракописот „Џинџуџе“ на Ермис Лафазановски, избран од 38 пристигнати ракописи.

Со оваа награда, „Арс Ламина“ ја продолжува мисијата на Оливера Николова – да се поттикнува и негува романот за деца и млади како дефицитарен жанр во современата македонска книжевност.

*ПР објава 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници

Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ