Консултациите на релација СДСМ-ДУИ продолжуваат, нема став за платформата на Албанците
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2017 19:54
Од СДСМ велат дека со ДУИ се одвиваат внатре партиските консултации за евентуално коалицирање.
Претставници на двете партии за прв пат вчера официјално се сретнаа на неутрален терен откако ВМРО- ДПМНЕ не успеа во дадениот рок да формира влада. По средбата, од ДУИ соопштија дека разговорите биле конструктивни и дека ги доставиле нивните барања. Од СДСМ изјавија дека не се разговарало за ништо конкретно, а за барањата ќе се произнесат по консултациите во партијата. Партиите не кажуваат кога ќе биде следниот состанок. Од СДСМ и понатаму немаат став за платформата на Албанците. Портпаролот на партијата, Петре Шилегов вели дека очекува посетата на еврокомесарот Јоханес Хан в четврток, да ја потврди изборната волја за промени.
Од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението објавено по средбата меѓу лидерот, Никола Груевски и амбасадорката на ОБСЕ, Нина Соумалаинен, соопштија дека партиите кои ќе формираат влада без ВМРО-ДПМНЕ мора да ја преземат одговорноста за проблемите кои ќе произлезат. Партијата прелага новите избори да се одржат заедно со локалните.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




