10 Ноември, 2025
0.0847

КОНТИНУИРАНО ГЕНЕРИРААТ ЗАГУБИ, АМА ГО ЗГОЛЕМИЈА БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ – ревизорите со бројни забелешки за работењето на Пошта

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2025 07:43

Добивај вести на Viber

Ревизорите и во најновиот извештај за работењето на Пошта на Северна Македонија со бројни забелешките, почнувајќи од недостигот на докази за побарувањата од земјата и од странство, па до пописот на залихите за кој воопшто не гарантираат - бил направен пред да бидат ангажирани. Исто така укажуваат и на пресметката и распределба на отпремнина на вработените кои заминуваат во пензија.

Но, она што особено изненадува во Финансискиот извештај на независниот ревизор за работењето на Пошта, порано Македонски пошти, е драстичниот раст на вработени, поточно на хонорарци ангажирани изминатата година.

Главна забелешка на ревизорите е финансиската состојба за што посочуваат: Друштвото континуирано генерира загуби и имаат негативни парични текови од оперативно работење. Понатамошното работење, поради високиот износ на трошоци за вработени, зависи од финансиската поддршка на сопственикот.

-  Во постапката на ревизија не бевме во состојба да се стекнеме со разумно уверување за наплатливоста на останатите побарувања во вкупен износ од 50,388 илјади денари, кој се состои од побарувања за кусоци од кражби, побарувања од Телеком по спогодба, останати побарувања по судски пресуди и побарувања од УЈП по пресуда– укажуваат ревизорите. Тие исто така нагласуваат дека „нефактурираните пресметани приходи од поштенско работење со странство се преценети во износ од 32.723 илјади денари“.

Ревизорите напишале „друштвото е обврзано да им исплати на вработените кои заминуваат во пензија отпремнина во висина на две месечни просечни плати исплатени во државата во моментот на пензионирање. Во токовната година, Друштвото прв пат изврши процена и евидентираше трошоци и резервирања по овој основ во износ од 85,547 илјади денари“.

Но, особено внимание од извештајот на ревизорите привлекуваат податоците за исплатите на платите, и споредбата со 2023 година.

Од табелите може да се види дека во текот на 2023 година вкупно за бруто плати за вработените во Поша биле потрошени 914.597 илјади денари (14,8 милиони евра). Додека пак, минатата година оваа сума благо се намалила и изнесувала 911.080 илјади денари (14,7 милиони евра), што покажува дека трошоците за плати се намалиле.

Но, кај финансиските трошоци за лица ангажираат со договор, ревизорите утврдиле огромен раст на трошоците споредено со 2023 година. Имено за оваа ставка во 2024 година од Пошта се излеале 76.917 илјади денари, додека во 2023 година биле исплатени 48.247 илјади денари. Ова сугерира дека минатата година во Пошта или биле ангажирани многу повеќе хонорарци, или значително се зголемиле примањата. За само една година трошоците за лица ангажирани по договор се зголемиле за 28.670 илјади денари.

Благ пораст ревизорите регистирале и кај трошоците за регрес на вработените, па тука од сума која надминувала 21 милион денари се достигнало до 22,5 милиони денари. Кај трошоците за службени патувања се потрошени 3.638 илјади денари, што е намалено во споредба со 2023 година.

Објавени се и останатите трошоци од кои дел се намалени, дел се останати на исто ниво. Се забележува дека вкупните трошоци за вработените достигнале 1.025.382.000 денари (16,6 милиони евра) во текот на 2024 година, додека година претходно биле 1.001.645.000 денари (16,2 милиони евра).

Кај бројот на вработени ревизорите објавиле дека во текот на 2023 година биле 2.093 лица, додека во текот на минатата 2024 година биле вработени 2.267 лица.

Друг загрижувачки податок кој го споделуваат ревизорите е значителниот пораст на задолженоста на Друштвото, која од 19,83 отсто во 2023 година, минатата година достигнала дури 89,26 проценти.

Еден дел од задолженоста на Друштвото се краткорочните кредити, кои ги има подигнато од неколку државни компании, или компании кои и самите како и Пошта се под владение на државата или на Владата.

Па така Пошта покренала краткорочни кредити од МЕПСО, Државна Лотарија и НОМАГАС Скопје. Имено од АД МЕПСО Друштвото позајмило 142 милиони денари со фиксна камата од 6 проценти и рок на враќање до крај на годината. Од Државна лотарија пак се позајмени 150 милиони денари и рок на враќање до 15 јуни годинава, а договорот бил со извршна клаузула.  Пошта позајмила и од АД за вршење енергетска дејност на природен гас НОМАГАС Скопје во износ од 75 милиони денари со рок на враќање до крај на годинава, исто така договорот е со извршна клаузула.  

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Над 10 милиони денари донации преку Support Kocani - Испладен данок на државата од еден милион денари

ВИДЕО: Над 10 милиони денари донации преку Support Kocani - Испладен данок на државата од еден милион денари

ЦЕНИТЕ НА НАФАТА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ ПАЃААТ ВТОРА НЕДЕЛА ПО РЕД - не се очекува значително зголемување на побарувачката

ЦЕНИТЕ НА НАФАТА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ ПАЃААТ ВТОРА НЕДЕЛА ПО РЕД - не се очекува значително зголемување на побарувачката

МИЛО ЃУКАНОВИЌ ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: ИНФРАСТРУКТУРАТА Е ЗНАЧАЕН ФАКТОР ЗА РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА И ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ

МИЛО ЃУКАНОВИЌ ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: ИНФРАСТРУКТУРАТА Е ЗНАЧАЕН ФАКТОР ЗА РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА И ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ

СЕ ПРОДАВААТ НАМЕСТЕНИ СТАНОВИ: Koja категорија на граѓани најчесто ги купува?

СЕ ПРОДАВААТ НАМЕСТЕНИ СТАНОВИ: Koja категорија на граѓани најчесто ги купува?

ЕСМ купува електрична енергија од снабдувач за 6,7 милиони евра месецов, следниот ќе потроши 15-тина милиони евра

ЕСМ купува електрична енергија од снабдувач за 6,7 милиони евра месецов, следниот ќе потроши 15-тина милиони евра

„Аптив“ се подготвува да го напушти производството во Македонија

„Аптив“ се подготвува да го напушти производството во Македонија

Германија бара работници: Еве ги занимањата што моментално се најбарани

Германија бара работници: Еве ги занимањата што моментално се најбарани

Глобалните берзи паѓаат поради притисок врз технолошкиот сектор

Глобалните берзи паѓаат поради притисок врз технолошкиот сектор

СКОПЈЕ ЧЕСТО СЕ СМЕТА ЗА ЕДЕН ОД НАЈЕВТИНИТЕ ГРАДОВИ ВО ЕВРОПА: Еве ја оценката за макдонската метропола

СКОПЈЕ ЧЕСТО СЕ СМЕТА ЗА ЕДЕН ОД НАЈЕВТИНИТЕ ГРАДОВИ ВО ЕВРОПА: Еве ја оценката за макдонската метропола