Конзервативецот Анджеј Дуда е новиот претседател на Полска
Објавено во: Свет 25 Мај, 2015 09:46
Конзервативецот Анджеј Дуда, кандидат на десничарската партија Право и правда, победи во вториот круг на претседателските избори во Полска со 53 отсто од гласовите и го победи досегашниот претседател - Бронислав Коморовски.
Победата на 43-годишниот правник треба да биде официјално потврдена денес, кога ќе бидат објавени конечните резултати. Таа може да го отвори патот за враќање во власт на неговиот ментор Јарослав Качински, лидер на конзервативната и популистичка партија Право и правда, со парламентарните избори во есента, наведуваат аналитичарите. Коморовски веднаш го призна поразот и му честиташе на својот ривал. "Драги пријатели, овој пат не успеавме. Така одлучија граѓаните на слободна и демократска Полска. Затоа го поздравувам мојот конкурент. Честитам за неговиот резултат и му посакувам добар претседателски мандат, бидејќи го сакам доброто на Полска", рече досегашниот претседател.
Дуда му се заблагодари за овие зборови и им се заблагодари на луѓето кои гласале за него.
Анджеј Дуда е европратеник, кој беше речиси непознат пред почетокот на изборната кампања. Тој ќе стапи на должност како претседател на 6 август.
Во Полска претседателските овластувања се релативно ограничени, но соживотот на младиот конзервативец со Владата на Граѓанска платформа на премиерот претседателката Ева копачи може да биде тешко поради големите разлики меѓу двете партии, наведува АФП.
Предизборната платформа на Дуда предвидуваше намалување на возраста за пензионирање од 67 на 65 години, намалување на даноците и промовирање на полскиот бизнис. Неговата партија е евроскептична и експерти предвидуваат тензии со Европската унија.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




