18 Декември, 2025
0.2109

„КОРИСТАТ CHATGPT ЗА ДА НАПИШАТ ЕСЕЈ И НЕМА НИШТО ЛОШО ВО ТОА“: Јаневска за ВИ во образованието

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2025 20:02

Добивај вести на Viber

Министерката за образование, Весна Јаневска вели дека Вештачката интелигенција мора да биде внесена во образовниот систем, пред се за учениците да знаат како правилно да ја користат.

„Бев критикувана зошто ја споменувам Вештачката интелигенција во училиштата. Ние сме земја на контрадикторности - додека на едно место ни се руши кров од училиштето и ние бараме начин да го поправиме, од друго велиме „да, мора да влезе Вештачката интелигенција во училиштата“, првенствено затоа што децата веќе ја користат. Најголем број од децата во средно училиште имаат повеќе дигитални вештини од некои наставници, и тие си користат ChatGPT за да си напишат есеј. Нема ништо лошо во тоа. Но, со ова што го преземавме како образовен систем за да некако ја внесеме ВИ во училиштата, прво сакаме да ги заштитиме од негативностите за кои можеби се и ли не се свесни и да ги научиме правилно да ја користат. Многу ќе им помогне и на наставниците и на родителите и на учениците ако знаат да ја користат“, рече Јаневска во интервју на Телма. 

Вели, во Германија, Италија и Шпанија имаат 900 часа повеќе од нашите деца. 

„Било тешко да се учи. Не, не е тешко да се учи, основна работа е да се учи. Мора да побегнеме од фамата дека нашите деца многу учат и им е многу тешко. Ниту многу учат, ниту им е многу тешко“, вели Јаневска.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија