КОРИСТАТ ПЕКАРСКИ КВАСЕЦ: Научници ќе создадат тест за корона кој за 15 минути ќе даде резултат
Објавено во: Свет, Корона Вирус 30 Септември, 2020
Тим на научници работи на создавање на тест за коронавирус на база на пекарски квасец.
Австралијците се надеваат дека тој за 15 минути ќе дава резултат за тоа дали некој е позитивен на вирусот. Додаваат дека функционира на сличен начин како тест за бременост.
Владата на Квинсленд ѝ одобри 1,5 милијарди долари на биотехнолошката фирма „Шјинг технолоџис“ за финансирање на проектот.
„Неколку капки од специјален раствор се ставаат на брисот од нос, по што тестот се нанесува на лента и резултатите се добиваат во рок од пет до 15 минути, во зависност од тоа колку сте заразени“, изјави шефот на истражувањето Јадвир Гревал.
Тој додава дека квасецот е обложен со честички кои го заробуваат вирусот како лепенка, по што тој се комбинира со технологијата која се користи во тестовите за бременост.
Сличен тест се развива и во САД и би можел да почне да се употребува до крајот на оваа година.
Во светот бројот на заразени од коронавирусот се искачи на 33.9 милиони.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.