26 Јули, 2024
0.0284

КОРОНА ВИРУСОТ ПОВТОРНО АКТУЕЛЕН ВО ГРЦИЈА, ДОМИНИРА FLiRT: Македонските туристи не пријавиле никакви здравствени проблеми

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Најновите доминантни варијанти на Ковид имаат посилна заразност од нивните претходници и способност да ги избегнат антителата индуцирани од вакцината. Во моментов FLiRT е најдоминантната форма на вирусот, а според податоците на глобално ниво, бројот на заразени расте. Светската здравствена организација (СЗО), потврди дека FLiRT стана најдоминантната форма на вирусот во светот, особено на Северната хемисфера која влегува во уште еден бран „Ковид“.

За присуството FLiRT алармираат и грчките здравствени власти. Во нивните извештаи наведуваат дека во последните 20-тина дена, значително е зголемен бројот на заболени од коронавирус, а Националната јавно здравствена организација доделува бесплатни тестови.

Од овие причини, Британија ги предупредува туристите кои летниот одмор го поминуваат во Грција со апели за преземање посериозни превентивни мерки.

Предупредувањето беше издадено откако грчките власти забележаа зголемување на бројот на пациенти за 44 отсто, поради што болниците во Атина повторно го воведоа задолжителното носење заштитни маски. Некои болници, покрај задолжителното носење маски, воведоа и задолжително тестирање на посетителите.

Истовремено, и Бугарија издаде слично предупредување, со оцена дека зголемувањето на бројот на заболени ќе продолжи до крајот на јули.

Според нашите туристички агенции нема простор за паника. Велат дека туристите од Македонија кои годишните одмори ги минуваат во соседна Грција досега не пријавиле никакви здравствени проблеми.

-Немаме информации за повторно ширење на корона вирусот во Грција. Од кај нас секоја недела заминуваат по 4 до 5 автобуси и туристите кои се враќаат до сега не не информирале дека Ковид-19 повторно е актуелен онаму каде што летуваат. Она што е најважно е секако пред тргнување да си извадат патничко осигурување од која било осигурителна компанија. Во нашата агенција вадиме патничко здравствено осигурување и тоа не само за Грција, туку и за Турција и за секоја друга европска дестинација, велат за Фактор од Т. А. Савана.

-Нашите аранжмани се претежно на првиот крак и досега нема до нас никакви дојави дека има заболени туристи од корона вирусот. Туристите секако мора да си извадат патничко осигурување кое ги покрива здравствените трошоци не само за корона вирусот, туку за секаков здравствен проблем. Без тоа не треба да излегуваат од државата, но треба да сфатат дека патничкото осигурување не е за да ја преминат границата, вели Александар Чоневски, сопственик на Т.А. Игуана.

Инаку, „виновниците“ зад напливот се нов сет на варијанти: KP.3, LB.1 и KP.2.3. Потомците на Омикрон ЈН.1 кои стекнаа доминација во текот на Божик, станаа двигател на нови инфекции ширум светот, при што КП.3 доминира. Од 15 јули, ЦДЦ на САД процени дека приближно 37 отсто од новите случаи на Ковид во Соединетите држави се должат на КП.3, кој рапидно се зголемуваше во текот на изминатите неколку месеци

Заедно, овие вируси се нарекуваат варијанти на FLiRT, бидејќи сите тие имаат мутација во SPIKE протеинот кој ја менува неговата 456-та аминокиселина од фенилаланин (F) во леуцин (L) и нејзината 346-та амино киселина од аргинин (R) во треонин. (Т). Според трудот на Институтот за медицинска наука на Универзитетот во Токио, објавен во списанието The Lancet Infectious Diseases, овие варијанти се попреносливи од претходните мејнстрим варијанти и имаат висока способност да избегнуваат неутрализирачки антитела.

Светската здравствена организација (СЗО) претходно објави дека Ковид не е победен и дека во просек од овој вирус секоја недела во светот умираат околу 1.700 луѓе. Истовремено, се намалува бројот на вакцинирани кај постарите лица и здравствените работници кои се први на удар.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

КАКОВ АВГУСТ ЌЕ ИМАМЕ? Се најавува уште поголем топлотен бран од Африка

КАКОВ АВГУСТ ЌЕ ИМАМЕ? Се најавува уште поголем топлотен бран од Африка

Со модерни планови до одржлив развој на општините

Со модерни планови до одржлив развој на општините

Мицкоски: Од информациите кои ги имам, има индиции на злоупотреби во Академијата за судии, ова е доказ дека во државата има заробено обвинителство и судство

Мицкоски: Од информациите кои ги имам, има индиции на злоупотреби во Академијата за судии, ова е доказ дека во државата има заробено обвинителство и судство

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: ќе им се суди заедно со првоосомничениот Палчо

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: ќе им се суди заедно со првоосомничениот Палчо

„НЕ ЗНАМ ШТО МE ОПСЕДНА“: Уби девет млади луѓе, рани 12, а вака се обиде да се одбрани Урош Блажиќ

„НЕ ЗНАМ ШТО МE ОПСЕДНА“: Уби девет млади луѓе, рани 12, а вака се обиде да се одбрани Урош Блажиќ

„Се сеќаваме на притисоците врз претседателката на Врховниот суд оти одби да го помилува Груевски“: Вреди со реакција на извештајот на Европската комисија

„Се сеќаваме на притисоците врз претседателката на Врховниот суд оти одби да го помилува Груевски“: Вреди со реакција на извештајот на Европската комисија

СЕДУМ ДЕНА ПО ОПЕРАЦИЈА НА КРАЈНИЦИ ПОЧИНА ДЕТЕ ВО ЗАГРЕБ: Веднаш почна постапка за внатрешен надзор

СЕДУМ ДЕНА ПО ОПЕРАЦИЈА НА КРАЈНИЦИ ПОЧИНА ДЕТЕ ВО ЗАГРЕБ: Веднаш почна постапка за внатрешен надзор