26 Јули, 2024
0.0308

Мицкоски: Од информациите кои ги имам, има индиции на злоупотреби во Академијата за судии, ова е доказ дека во државата има заробено обвинителство и судство

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

„Па има од тоа што го знам индиции за злоупотреби, има индиции за создавање на еден центар на моќ во обвинителството и судството кој што е партиски октроиран, преку наместени огласи, избори и слично. Такви индиции има дали ќе се потврди ќе каже МВР“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски додаде дека доколку се потврдат овие индиции значи дека тоа е само уште еден доказ дека имаме партиски октроирано и заробено и обвинителство и судство.

„Но, доколку се потврди, од тоа што јас го имам на располагање, тоа е уште еден чекор кон тоа дека навистина имаме партиски октроирано и заробено и обвинителство и судство и не ме чуди што довербата е само два проценти“, рече тој и додаде:

„И континуирано ќе продолжиме да се бориме против криминалците во правосудниот систем. Ќе повторам, станува збор за исклучоци. Имаме многу чесни обвинители и судии, но за жал тие се во втор план, овие се во прв план малкумина и затоа  состојбата е таква каква што е, односно довербата е скромни два проценти“.

Премиерот Мицкоски е дециден и вели дека во државата мора да владее правда.

„Ние ќе продолжиме и понатаму. Нема да застанеме тука како Влада. Мора граѓаните да добијат правда бидејќи тоа е она со кое што излеговме уште за време на кампањата на претседателските избори во 2019 година. Правда мора секој да добие“, нагласи тој.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди

ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ УМИРА: Водата е фекално загадена

ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ УМИРА: Водата е фекално загадена

ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК СТАНА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Левица со обвинување

ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК СТАНА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Левица со обвинување

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

КАКОВ АВГУСТ ЌЕ ИМАМЕ? Се најавува уште поголем топлотен бран од Африка

КАКОВ АВГУСТ ЌЕ ИМАМЕ? Се најавува уште поголем топлотен бран од Африка

Со модерни планови до одржлив развој на општините

Со модерни планови до одржлив развој на општините

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: ќе им се суди заедно со првоосомничениот Палчо

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: ќе им се суди заедно со првоосомничениот Палчо