26 Јули, 2024
0.0285

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: ќе им се суди заедно со првоосомничениот Палчо

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Судењето против обвинетите четири лица, кои се теретат за убиство на малата Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски, кое беше закажано за денеска, се одложува. Одлагањето се прави со цел во судскиот процес да биде вклучен и првоосомниченот Љупчо Павлевски Палчо, за кого пред неколку дена од обвинителство информираа дека е завршена истражната постапка. 

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за одлагање на закажаното судење за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски - соопштија од Кривичниот суд.

Од таму додаваат дека истрагата против првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо е завршена и по истек на законските рокови во кои Палевски има право на увид во доказите од истрагата, ќе биде поднесено обвинение, кое исто така се однесува на двојното убиство по што ќе биде поднесен предлог за спојување на обвинението против него со обвинението против другите четворица обвинети.

Имено, со оглед на фактот дека истрагата против осомничениот Љ.П. е завршена и по истек на законските рокови по известување за завршена истражна постапка, ќе биде изготвено и поднесено обвинение, кое се однесува за истиот кривично – правен настан за кој се води и предметот К.бр. 1339/24 против четворица други обвинети, а воедно се работи и за исти докази, од ОЈО Скопје, согласно чл. 28 од ЗКП ќе биде поднесен и предлог за спојување на двете постапки.

Имајќи го предвид добиениот предлог на обвинителството, а заради економичност и ефикасност на постапката, судот ги отповика наредбите за спровод на обвинетите кои издржуваат мерка притвор и мерка куќен притвор, а судечкиот совет во согласност со одбраната ќе насрочи нов термин за отпочнување на главната расправа за што странките и јавноста ќе бидат благовремено известени - се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

На почетокот на јули, скопскиот Кривичен суд во целост го одобри обвинението против четворица обвинети во овој случај.

Почетокот на судењето беше закажано за 30 јули годинава.

За убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски обвинети се четври луѓе, за првоосомничениот Палевски истрагата заврши, а во тек се истражни дејствија против возачот кој го возел Палевски од Србија до Турција.

Можеби ќе ве интересира

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

КАКОВ АВГУСТ ЌЕ ИМАМЕ? Се најавува уште поголем топлотен бран од Африка

КАКОВ АВГУСТ ЌЕ ИМАМЕ? Се најавува уште поголем топлотен бран од Африка

Со модерни планови до одржлив развој на општините

Со модерни планови до одржлив развој на општините

Мицкоски: Од информациите кои ги имам, има индиции на злоупотреби во Академијата за судии, ова е доказ дека во државата има заробено обвинителство и судство

Мицкоски: Од информациите кои ги имам, има индиции на злоупотреби во Академијата за судии, ова е доказ дека во државата има заробено обвинителство и судство

„НЕ ЗНАМ ШТО МE ОПСЕДНА“: Уби девет млади луѓе, рани 12, а вака се обиде да се одбрани Урош Блажиќ

„НЕ ЗНАМ ШТО МE ОПСЕДНА“: Уби девет млади луѓе, рани 12, а вака се обиде да се одбрани Урош Блажиќ

КОРОНА ВИРУСОТ ПОВТОРНО АКТУЕЛЕН ВО ГРЦИЈА, ДОМИНИРА FLiRT: Македонските туристи не пријавиле никакви здравствени проблеми

КОРОНА ВИРУСОТ ПОВТОРНО АКТУЕЛЕН ВО ГРЦИЈА, ДОМИНИРА FLiRT: Македонските туристи не пријавиле никакви здравствени проблеми

„Се сеќаваме на притисоците врз претседателката на Врховниот суд оти одби да го помилува Груевски“: Вреди со реакција на извештајот на Европската комисија

„Се сеќаваме на притисоците врз претседателката на Врховниот суд оти одби да го помилува Груевски“: Вреди со реакција на извештајот на Европската комисија

СЕДУМ ДЕНА ПО ОПЕРАЦИЈА НА КРАЈНИЦИ ПОЧИНА ДЕТЕ ВО ЗАГРЕБ: Веднаш почна постапка за внатрешен надзор

СЕДУМ ДЕНА ПО ОПЕРАЦИЈА НА КРАЈНИЦИ ПОЧИНА ДЕТЕ ВО ЗАГРЕБ: Веднаш почна постапка за внатрешен надзор