26 Јули, 2024
0.0276

Со модерни планови до одржлив развој на општините

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Општините во државата сега имаат пристап до нова современа методологијата за изработка на интегрирани локални развојни планови. Новата методологија става акцент на родовите прашања, инклузијата, зелениот договор и зголеменото граѓанско учество. Притоа, во предвид се земени и новите предизвици со кои што се соочуваат општините – деградацијата на животната средината, социјалните прашања и функционирањето во услови на зголемени ризици од различно потекло.

Методологијата ја подготвија Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во рамките на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.

Методологијатаима за цел да им помогне на локалните самоуправи да изработуваат подобри интегрирани локални развојни планови базирани на квалитетни податоци, со реални и остварливи цели за следните четири години.

Со неа се предвидува да се направи и финансиска анализа на приходите и трошоците на општините за последните три години, како и анализа на тоа каков буџет се очекува во наредните три, за да се утврдат можностите и капацитетите.

Една од важните цели на процесот е и да се обезбеди поголемо граѓанско учество, не само како консултација за поединечни проекти, туку како вклученост во стратешкото планирање на општинскиот развој. На овој начин треба да им се помогне на општините секогаш да имаат подготвени проекти кои чекаат реализација, наместо да почнат да ги смислуваат кога ќе се укаже можност за финансирање.Со тоа тие би биле подобро подготвени и за спроведување на проекти поддржани од Европската унија во процесот на интеграција на земјата во ЕУ, во кој ќе им станат достапни повеќе фондови.

Проценето е дека околу 70 отсто од европското законодавство треба да се спроведе на локално ниво, поради што токму општините треба да бидат подготвени за новите предизвици, посебно во делот на животната средина и на спроведувањето на Зелениот договор на локално ниво. За да се стекнат со соодветни капацитети за подобро вклучување во евроинтегративниот процес, општините треба да ги применат европските принципи на функционирање што се рефлектирани во новата методологија.

Методологијата за интегрирано локално развојно планирање“ е подготвенаво рамките на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, финансиран од Шведска и од Бирото за регионален развој и имплементиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Публикацијата „Методолошки насоки за интегрирано локално развојно планирање“ е достапна тука.

Повеќе информации за подготовка на Интегрирани локални развојни планови погледнете на  видеото на следниот линк .

Можеби ќе ве интересира

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

КАКОВ АВГУСТ ЌЕ ИМАМЕ? Се најавува уште поголем топлотен бран од Африка

КАКОВ АВГУСТ ЌЕ ИМАМЕ? Се најавува уште поголем топлотен бран од Африка

Мицкоски: Од информациите кои ги имам, има индиции на злоупотреби во Академијата за судии, ова е доказ дека во државата има заробено обвинителство и судство

Мицкоски: Од информациите кои ги имам, има индиции на злоупотреби во Академијата за судии, ова е доказ дека во државата има заробено обвинителство и судство

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: ќе им се суди заедно со првоосомничениот Палчо

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: ќе им се суди заедно со првоосомничениот Палчо

„НЕ ЗНАМ ШТО МE ОПСЕДНА“: Уби девет млади луѓе, рани 12, а вака се обиде да се одбрани Урош Блажиќ

„НЕ ЗНАМ ШТО МE ОПСЕДНА“: Уби девет млади луѓе, рани 12, а вака се обиде да се одбрани Урош Блажиќ

КОРОНА ВИРУСОТ ПОВТОРНО АКТУЕЛЕН ВО ГРЦИЈА, ДОМИНИРА FLiRT: Македонските туристи не пријавиле никакви здравствени проблеми

КОРОНА ВИРУСОТ ПОВТОРНО АКТУЕЛЕН ВО ГРЦИЈА, ДОМИНИРА FLiRT: Македонските туристи не пријавиле никакви здравствени проблеми

„Се сеќаваме на притисоците врз претседателката на Врховниот суд оти одби да го помилува Груевски“: Вреди со реакција на извештајот на Европската комисија

„Се сеќаваме на притисоците врз претседателката на Врховниот суд оти одби да го помилува Груевски“: Вреди со реакција на извештајот на Европската комисија

СЕДУМ ДЕНА ПО ОПЕРАЦИЈА НА КРАЈНИЦИ ПОЧИНА ДЕТЕ ВО ЗАГРЕБ: Веднаш почна постапка за внатрешен надзор

СЕДУМ ДЕНА ПО ОПЕРАЦИЈА НА КРАЈНИЦИ ПОЧИНА ДЕТЕ ВО ЗАГРЕБ: Веднаш почна постапка за внатрешен надзор

ОБРТОТ НА ИНТ НА ГОДИШНО НИВО СЕ ДВИЖИ МЕЃУ 10 И 15 МИЛИОНИ ЕВРА: бизнисменот Николчо Илијев искрено на секоја тема во „Бизнис муабети“ на Фактор

ОБРТОТ НА ИНТ НА ГОДИШНО НИВО СЕ ДВИЖИ МЕЃУ 10 И 15 МИЛИОНИ ЕВРА: бизнисменот Николчо Илијев искрено на секоја тема во „Бизнис муабети“ на Фактор