КОРОНАТА ГИ УРНА ПЛАНОВИТЕ: Катастрофална туристичка година за крушевчани
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Ноември, 2020 06:48
Oваа 2020 година ќе биде запаметена како една од најлошите за туризмот во Крушево.
Пандемијата на коронавирусот ги урна плановите за успешна туристичка година. Бројот на туристички посети е намален за 70 отсто, потврдуваат од Општина Крушево. Бројките покажуваат дека во септември имале вкупно 3.235 ноќевања, а во октомври само 1.562 ноќевања. Ваучерите за домашен туризам малку ја подобрија состојбата, но тоа не ја менува целокупната слика. Крушево оваа година го посетуваа само домашни туристи, странци скоро и да немаше.
„Сѐ се сведува на еднодневни посети. Кога е убаво времето, луѓето доаѓаат, ќе прошетаат и ќе си одат. Откажани се неколку купови за параглајдери, со што изгубивме илјадници ноќевања. Дали ќе има подобрување до крајот на годината ќе зависи од вирусот, од временските услови, дали ќе имаме снег и како ќе се одвива распустот за учениците“, вели Коста Мицкоски, од Општина Крушево.
Издавачите кои нудат приватно сместување објаснуваат дека оваа година е многу полоша од претходните. Велат дека странските гости или ги немало или се бројат на прсти. Во секој случај станува збор за незначителна бројка на странски туристи.
„Оваа година бројот на гости е многу намален, и луѓето се плашат да патуваат, иако ги почитуваме сите протоколи. Претходно, имавме гости не само од екс југословенските земји и Европа, туку и од целиот свет. Сме имале гости од Аргентина, Чиле, Бразил. Крушево има добри услови за параглајдерство, климата им се допаѓа и цените се прифaтливи за странците, така што сѐ заедно во пакет е атрактивно за нив“, велат од Вила Гора.
Коронавирусот не го одмина Крушево, но бројот на заболени беше мал. Во одредени периоди, Крушево беше единствен град во земјава без активни случаи на коронавирусот.
За крушевчани 2018 година беше многу успешна.
Во 2018 година ова гратче за 50 отсто ги зголемило туристичките ноќевања, беше соопштено од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.
Крушево во наведената година имало 15.853 домашни туристи кои реализирале 41.801 ноќевање, а истата година дошле 2.592 странци кои оствариле 18.144 ноќевања.
Сања Атанасовскафото Википедија
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




