КОРОНАВИРУСОТ ВЛЕЗЕ ВО СОБРАНИЕТО: Уште еден пратеник е заразен
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Октомври, 2020
Коронавирусот влезе во Собранието.
Освен Исмаил Јахоски од ДУИ, уште еден пратеник е заразен.Станува збор за пратеникот Лазе Таневски од СДСМ.
Тој на Фејсбук напиша дека е заразен со коронавирусот.
„Почитувани пријатели, сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање на КОВИД 19. За жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи од моја страна, истиот е позитивен.
Воедно сакам да ве известам дека членовите од моето семејство се тестираа и сите се негативни“, пишува пратеникот.
Од Собранието повикаа да се почитуваат мерките за заштита.
За 24 часа во Македонија имаше нови 393 заразени.Главниот град е со најмногу нови случаи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.