КОРОНАВИРУС: Бројката на оздравени пациенти е 80.837, на починати е 2.841
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Јануари, 2021
Во земјава откако почна пандемијата на коронавирусот, бројката на оздравени пациенти е 80.837, на починати е 2.841.
Во текот на вчерашниот ден надлежните соопштија за 302 нови случаи и 10 починати. Дојран бележи најмалку, а Скопје најмногу активни случаи.
По градови сликата е ваква: Скопје – 165, Велес – 14, Куманово – 13, Охрид – 12, Кавадарци – 12, Тетово – 11, Дебар – 8, Струмица - 6, Радовиш – 6, Делчево – 6, Гостивар – 6, Штип – 5, Прилеп – 5, Битола -5 , Демир Капија – 4, Струга -3, Свети Николе – 3 , Кочани – 3, Гевгелија – 3 , Неготино -2, Крива Паланка – 2, Кратово – 2, Кичево -2 , Дојран – 2 , Ресен – 1, Берово -1.Во Македонија беше откриен и британскиот сој на коронавирусот, кој е присутен и во соседството. Нашата земја ќе набави кинески вакцини против овој опасен вирус.
Во светот веќе има случаи каде еден човек бил заразен со два соја на коронавирусот.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.