КОРОНАВИРУС: Има скоро 400 оздравени, од кои најголем дел се од Скопје
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Декември, 2020
Во текот на вчерашниот ден имавме повеќе нови заболени од оздравени од коронавирусот.
Институтот за јавно здравје вчера регистрира 396 оздравени пациенти. Најголем дел од нив вообичаено се од главниот град. По градови Скопје има 79, Куманово-27, Дебар-1, Штип-21, Прилеп-34, Тетово-29, Велес-20, Битола-37, Кавадарци-15, Гостивар-32, Гевгелија-10, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-14, Пробиштип-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-4, Виница-4, Свети Николе-13, Кичево-14, Ресен-3 и Неготино-6.
Починаа 20 луѓе, од повеќе градови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77.949, бројката на оздравени пациенти е 53.345, на починати е 2.274, а бројот на активни случаи изнесува 22.330.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.