Коронавирусот ги потроши топломерите и парацетамолот: Македонци од Лондон сведочат за Фактор
Објавено во: Свет, Корона Вирус 25 Март, 2020 07:35
Не постои голем
страв поради ширењето на коронавирусот во Лондон, но се забележува нервоза од
неизвесноста. За луѓето се невообичаени редиците пред големите маркети или пред
аптеките, сведочи Роберт Мех, Македонец, кој веќе 20 години живее во Лондон.
Вели дека во изминативе неколку денови во аптеките во Лондон едноставно нема да
се купи топломер.
-Најверојатно во паника, а и поради апелите на владата веднаш да се пријавуваат оние кои имаат симптоми на коронавирусот, а еден од нив е температурата, овие денови во аптеките се потрошија топломерите. Исто така, го снема и парацетамол, отако пред некој ден имаше информации, во случај на повишена температура да не се земаат други антипиретици освен парацетамол, вели Мех.
Не се прават посебни залихи на храна, но заради почитувањето на мерките, редиците пред маркетите за храна се честа глетка во Лондон. Мех појаснува дека се купува вообичаено како и секаде: тестенини, брашно и тоалетна хартија и средства за хигиена. Рестораните за брза храна работат само Take away.
Во Лондон се испразнија парковите, не работат училиштата, автобусите се празни, ќе се види само по некој на метро станиците, оние кои мора да одат на работа.
-Нема непотребни излегувања од дома, откако вчера премиерот Борис Џонсон ги соопшти мерките. Казните се превисоки, но и не е само поради казните, свеста за опасноста од ширењето на вирусот е голема, раскажува Мех.
Многу од компаниите, конкретно во Лондон, ги отпуштија од работа сите оние кои беа на пробна работа. Но, има и компании кои имаат свои фондови за вакви кризни ситуации, па и покрај тоа што работниците не одат на работа, ќе земаат плата. Инаку, цените на производите останаа исти, нема покачувања. Владата го контролира тоа и ги затвора сите кои пробаа да ја искористат ситуацијата, вели Мех.
Во текот на изминатава недела, Националната здравствена служба на Англија идентификуваше и контактира со 1,5 милиони луѓе со најголем ризик, кои треба да останат дома 12 недели.
Мерките што ги воведе британската Влада за социјална дистанцираност се навистина јасни. Луѓето треба да бидат на два метри оддалеченост едни од други и да останат дома доколку е можно.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




